| четврток, 6 декември 2018 |

Чај за имунитет

Не чекајте да ви протече носот, да ве заболе грлото и да добиете температура, туку на време послушајте ги лекарите кои ви препорачуваат билни чаеви како превентива. Лесно се прави ефикасен чај од камилица, босилек и жалфија.

Времето е променливо, се менуваат сончеви, дождливи и ветровити денови, а тоа сето лошо влијае на имунитетот.

Осцилации во температурата, несоодветно облекување и есенско нерасположение може да доведе до болести бидејќи слабее одбранбената моќ на организмот.

Најефикасниот чај за јакнење на имунитетот лесно се прави. Измешајте една лажичка камилица, босилек и жалфија, прелијте ги со два децилитри врела вода. Оставете неколку минути да отстои, па процедете.

Кога чајот ќе биде доволно изладен да може да се пие, додајте и мала лажичка мед и малку цимет. Овој чај освен што ќе ве згрее, ќе ве ослободи од напнатоста и секојдневниот стрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top