Петнаесетгодишната Јусра Хусиен од Лондон избегала од дома за да се бори за Исламската држава, стравуваат нејзините родители.
Тие преку медиумите упатија апел до нивната ќерка да им се врати дома.
-Те молиме врати се, ние само сакаме да бидеш на безбедно, се огласија тажните родители.
Јусра е пријавена за исчезната од страна на нејзините родители од домот во Бристол минатата недела, а отогаш и се губи секаква трага.
Се верува дека наместо во училиште се качила на автобус во Лондон, за да се сретне со друга 17- годишна девојка и заедно со неа заминала во Турција.
Нејзините родители стравуваат дека двете девојчиња можеби ја преминале границата со Сирија за да се борат со екстремистите.
Повеќе од 50 британски девојки го напуштиле својот дома за да се приклучат на борците на Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.