| четврток, 6 декември 2018 |

Прв случај на ебола во САД

Американските здравствени власти потврдија дека во Далас, во сојузната држава Тексас, е регистриран првиот случај на ебола во САД.

Special isolation station in Munich

Претставник на презвитеријанската болница во овој американски град изјави дека пациентот,чиј идентитет не се открива, е ставен во целосна изолација. Здравствените експерти веруваат дека овој пациент се заразил со смртоносниот вирус на ебола во Либерија, пред да допатува во САД, од пред 11 денови.

Според директорот на тексашкиот Центар за контрола на заразните болести и за превенција, Томас Фраиден, човекот допатувал од Либерија на 19 септември, без никакви симптоми на вирусот. Тие почнале да се јавуваат на 24 септември, а четири денови подоцна веќе било потврдено дека човекот е заразен со ебола.

Засега само се знае дека заболениот пациент не е некој од хумантарците кои помагнаат во згрижувањето и негувањето на заразените лица во оваа африканска земја.

Американските власти сега трагаат по сите лица со кои болнниот од ебола имал било каков контакт, по пристигнувањето во САД.

Сите тие ќе бидат ставени под надзор во следните три недели,за да се види дали кај некои од нив ќе се развие болеста. Повеќе од три илјади луѓе досега умреа во земјите од Западна Африка од вирусот на ебола.

Мал број на американски хуманитарци се опоравија или се опоравуваат од болеста,откако беа префрлени на лекување во САД. Врз сите нив беше употребен лекот кој е се уште во експериментална фаза и не е формално прифатен како лек против оваа тешка заразна болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top