Во рамки на истрагата за претепување за Андреј Вучиќ, се истражува дали нападот воопшто бил случаен, дознава српски Курир од врвот на српската Влада. Според зборовите на нивниот извор, постојат индикации дека полицајците точно знаеле кого напаѓаат.
-Без оглед на тоа што Андреј Вучиќ не е јавна личност, неговото име се има појавувано во медиумите, како и неговата слика. Значи пред себе имате припадници на полиција и човек на чија лична карта пишува Андреј Вучиќ и вие го тепате?! Малку простор останува за тезата дека нападот било случаен- вели изворот за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.