Утрово околу осум часот во Нови Сад дошло до експлозија на бомба поставена во автомобил од марката „Сеат“ паркиран пред станбена зграда. Од експлозијата повредено е едно машко лице, сопственик на агенцијата „Динмик“, кој во моментот на детонацијата ја отклучувал вратата од својата фирма.
Како што донава српски „Курир“, регистарските таблици кои се наоѓале на автомобилот биле лажни, односно по својот број не одговарале на возилото.
Од силната детонација оштетени се и стаклата на неколку автомобили кои биле паркирани во непосредна близина.
Вработените во околните локали со противпожарни апарати почнале да го гаснат пожарот да не се прошири, како и да не ги зафати десетината возила на малиот паркинг.
Противпожарната екипа излегла на терен и целосно го изгласила пожарот од автомобилот, а повредениот маж е пренесен со автомобил во новосадскиот Ургентен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.