| четврток, 6 декември 2018 |

Од денес продажбата на алкохол до 19 часот

Алкохолните пијалаци од денеска во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.

За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top