И покрај тоа што живеењето со родители или цимери е поевтино, но барем еднаш во животот пробајте да живеете сосем сами.
Простор да бидете тоа што сте
Кога живеете со други луѓе никогаш не можете да се опуштите во целост и да бидете тоа што сте. Живеејќи сами, не морате да го делите просторот на живеење и можете да правите буквално сѐ.
Се осознавате себеси
Ова е многу важна карактеристика која влијае на вашата иднина. Живеејќи сосема сами вие секојдневно учите по нешто ново за себе, гледате што треба да промените во својот карактер и што да подобрите.
Уредување на просторот
Конечно доаѓате до простор кој можете да го уредите по ваша желба. На тој начин вие работите на вашиот стил и вкус за она што ви се допаѓа.
Смеете да бидете себични
Не морате со никого да правите компромис и за првпат ќе ја почувствувате слободата. Смеете да бидете себични, а така ја намалувате себичноста во другите сфери од животот.
Не значи дека ќе бидете осамени
Осамени може да се чувствувате дури и кога живеете со некого. Живеењето сами ви дава можност буквално да бидете сами, но не и осамени. Ова е шанса да си докажете себе си дека можете, односно дека не можете да живеете сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


