Без струја утре од 8 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“, „Боца Иванова“, „Бетовенова“ и „Александар Бујнов“ во општина Бутел.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 часот и 30 минути до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Злате Михјајлов“, од 8 часот и 30 минути до 12 часот корисниците од улицата „Сиемеон
Кавракиров“ броевите 2 и 4, од 9 до 15 часот село Грчец и населбата „Кисела Јабука“ со улиците 2, 4, 6, 12, 14, и 16, во општина Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


