Директорката на Тајната служба на САД, Џулија Пирсон денеска изјави дека е неприфатливо да се појави маж со нож во Белата куќа и вети оти тоа нема повеќе да се случи.
Американските конгресмени ја критикуваа Пирсон поради безбедносниот пропуст при што еден маж вооружен со нож, успеа да ја прескокне оградата и да влезе во Белата куќа.
– Преземам целосна одговорност. Тоа што се случи е неприфатливо и никогаш нема да се повтори, истакна Пирсон во сведочењето пред Комитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за инцидентот од 19 септември.
Таа вети дека ќе ја ревидира безбедносната процедура за Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


