На денешното продолжение на сидницата на Комисијата за финансирање и буџет на која тред ден се води расправа околу предлог Буџетот за 2015 година свое излагање даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Коџабашиев.
Во своето излагање Коџабашиев наброја низа на проекти и реформи кои беа спроведени во досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ како што се визната либерализација, набавката на нова медицинска опрема, компјутер за секое дете, намалување на даноците, зголемување на плати, пензии и социјална помош, изградба и реконструкција на канализациони и водоводни мрези, изградба на социјални станови, реконструкција на здравствени објекти, реконструкција и изградба на нови патишта, 500 милиони евра во земјоделството и многу други.
Како што нагласи Коџабашиев, стратешката цел на сето ова е зголемување на стандардот на граѓаните, зголемување на вработеноста како и економско зајакнување на Република Македонија. Коџабашиев спомна дека политиката на оваа Влада се заснова на два столба и тоа капиталните вложувања и привлекувањето на странските инвестиции. Се подобри бизнис климата која што беше главен предуслов за развој на ТИРЗ.
Исто така пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ ги спомна погрешните политики кои се воделе во минатото кога биле намалувани плати и пензии кога немало странски инвестиции, затворање на фабрики, бркањето на луѓе од работа како и рекордната стапка на невработеност.
Со Буџетот за 2015 година, Коџабашиев нагласи дека Македонија ја очекува позитивна економска иднина и дека овој буџет се однесува на сите граѓани и на севкупното живеење на граѓаните.
– Македонската економија во првата половина на годината има подобри резултати од очекуваните. Од ноември ќе се зголемат платите во администрацијата. За земјоделците се предвидени 140 милиони евра. Според ова ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води одговорна политика, заклучи Коџабашиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



