| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто децата „секогаш“ се гладни

За да дознаеме како желбата за храна и нејзина регулација се менуваат во текот на животот, американските психолози го испитале доживувањето на храната кај 105 здрави испитаници на возраст од шест до 23 години.

На испитанциите со снимање со магнетна резонанса им ја испитале активноста на мозокот во текот на следењето на фотографиите на „нездрава“, но привлечна храна.

Во текот на набљудувањето на некои фотографии, испитаниците се обидувале да замислат дека храната е пред нив и дека го чуствуваат нејзиниот мирис и вкус, па потоа требало да ја оценат нивната желба за таа храна. На тој начин истражувачите ги процениле типичните реакции на примамливата храна.

Исто така, за некои други фотографии испитаниците требало да замислат дека храната е далеку од нив и да се концентрираат на нејзиниот изглед, форма и боја, што на истражувачите им овозможило да одредат во која мерка можат да ги регулираат своите желби за примамлива храна.

Резултатите покажале дека сите групи имале во просек 16 отсто помалку желби за храна кога користеле когнитивна техника на замислувања на визуелни карактеристики на храната.

Меѓутоа, децата сепак имале посилни желби за храната отколку адолесцентите и возрасните, дури и кога користеле когнитивна стратегија.

Мозокот на децата со висок индекс на телесна масa (BMI) покажа пониска префронтална активнoст во текот на користeњето на стратегијата за регулација на желбата за храна отколку мозокот на децата со понизок BMI.

Затоа истражувачите претпоставиле дека подрачјата на мозокот вклучени во регулација на желбата за храна се разликуваат кај децата зависно од телесната маса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top