Пред мои очи Драган ја колеше мојата ќерка и се закануваше дека и мене ќе ме убие. Со овие зборови Драгомир Продановиќ за српски Курир ја објаснил голготата на неговото семејство.
Драган во неделата се обидел да ја заколе сопругата Славица во куќата во која живееле, а Драгомир пред полицијата изјавил дека неговата ќерка неколкупати му се јавила пред нападот.
-Се нафрлив на него за да го спасам своето дете, а тој на крајот сам се повреди себе. Но, судијата не сакаше да му одреди приитвор на Драган, кој обвинителството го бараше. Не знам како можеше истиот ден да го пушти на слобода човекот кој се обиде да ја убие ќерка ми, додал таткото на Славица.
Мајката на Драган од друга страна била изненадена од тоа што се случило. Таа тврдела дека не знаела оти тие двајца се расправаат и имаат проблеми,.
Имено, Славица на својот татко Драгољуб му кажала дека има проблеми со својот сопруг, но тој не претпоставил дека ситуацијата може толку многу да се искомплицира.
-Славица отиде да ги спакува работите, а додека се спремаше слушнав како вреска за помош. Ја искршив вратата и затекнав хорор. Ми викна губи се ќе те заколам и тебе. Не знам од каде ми дојде толкава сила, но му рипнав и му го зедов ножот од рацете, објаснувал таткото.
Славица (34) веднаш била префрлена во болница во Белград, каде поради сериозноста на повредите веднаш била оперирана.
На 39-годишниот Драган Матиќ не му е одреден притвор иако ја избодел неовата сопруга Славица со нож, а доколку нејзиниот татко не ја спасел навреме, таа сега ќе беше мртва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.