СВР-Битола поднесе кривична пријава против К.Д.(38) и С.Т.(39) двајцата од Битола поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење.
На 04.07.2013 година добиено е сознание од Сектор за меѓународна полициска соработка при МВР Скопје, а врз основа на известување од Интерпол – Атина дека на ул.“Кланица“се наоѓа патничко моторно возило “ауди а-5“ кое потекнува од кривично дело тешка кражба извршена во Солун, Грција.
Пријавените со цел да ја избегнат царинската контрола, пренеле непријавена стока откако претходно со тешка кражба во Солун го набавиле и на илегален премин го пренеле погоренаведеното патничко возило.
Со ваквиот чин пријавените се стекнале со против правна имотна корист од околу 18. 000 ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



