Андреј Вучиќ, братот на премиерот Александар Вучиќ денес ја демантираше објавата на Блиц од неделата дека припадниците на српската Жандермерија брутално го претепале него и двјаца припадници на неговото обезбедување, поради тоа што одбиле да приложат легитимации.
Андреј Вучиќ вели дека тој и неговите придружници уредно ги покажале легитимациите и дека токму тоа била причината за бриталното претепување.
Андреј исто така вели дека е уверен дека метата на невистинитата објава на Блиц е всушност неговиот брат, со цел да му се нанесе срам на семејството Вучиќ, што не се случува по прв пат.
Ова е целата изјава на Андреј Вучиќ:
-Прв пат и се обраќам на јавноста, и не би го сторил тоа ни денес да не бев вознемирен од лагите што ги објави дневниот весник „Блиц“ за причините околу моето претепување како и на уште тројца личности. Имено, како што тврди „Блиц“, нашето одбивање на ги покажиме легитимациите e причината за конфликтот. И наводно сето тоа, го дознале од станарите од околните згради.
Сакам, јасно и недвосмислено да кажам дека овде станува збор за озогласна лаga.
Наводно, ние четворица сме оделе кон станот на моите родители на Круска улица, кога не застанала Жандермеријата која уредно ни побарала легитимации. Проблемот како да настанал токму поради нашите легитимации, а не поради кои сме, што сме направиле или не сме постапиле според нивните наредби. Во ниту еден момент, иако знам дека тоа не се совпаѓа со клишето на „Блиц“, не се обидовме да одговориме со брутално изживување врз припадниците на Жандермеријата, а се гледа и Саша Јовановиќ како цело време ја држи службената легитимација во рака дури и за време на суровото тепање.
Покрај тоа, не реков дека се откажувам од кривичните пријави кон припадниците на Жандермеријата затоа што и јас сум делумно виновен, туку затоа што ја разбирам тежината на нивната работа. Исто така не барам од „Блиц“ ни милост ни сожалување, не ми смета ни злобното радување од многумина, но ми смета лагата и против тоа ќе се борам, со сите законски средства.
Знам дека и не сум случајно Вучиќ, или брат на Бојан Пајиќ или Борка Стефановиќ, да барате замена за мојот брат, како што често велат некои диктатори, а невладиниот сектор би побарал и вонредна седница на Евроската Комисија и Советот за Безбедност на ОН само за да ја оцрнат Србија. Виновен сум што сум брат на Александар, а тој е најверојатно секогаш крив за се.
Мене не ми е потребна ни ваша помош, ниту од невладиниот сектор, ниту од оние кои парадираа во неделата. Нема да се интересира за мене некој си Девенпорт, а и не треба. Ја сакам Србија и нејзините институции. Се што се случи е грешка на поединци, и се надевам ништо повеќе од тоа.
На крај, ако смеам, би додал уште некои работи. Знам дека метата на „Блиц“ не сум јас, туку мојот брат. Нема никакви станари кои кажувале за легитимациите, затоа што во истрагата веќе е потврдено дека ние уредно си ги покажавме. Тие само сакаа да му нанесат срам на моето семејство, и тоа не се случува прв пат.
Сакам да кажам и дека не се бранев од џандарите, не затоа што сум слаб, и затоа што се уплашив туку затоа што тие се претставници на државата. Не се бранев себеси, но ви ветувам дека ќе го бранам мојот брат, не само затоа што го сакам, туку затоа што не поднесувам неправда и лаги што им нанесуваат зло на тие што се подобри од нив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


