| четврток, 6 декември 2018 |

Натрапникот во Белата куќа навлегол и во строго обезбедуваните делови на резиденцијата

belata kuka

Американецот кој пред десет денови беше уапсен, откако упадна во Белата куќа во Вашингтон, предизвикал многу потежок безбедносен инцидент, од оној за кој досега знаеше американската јавност, открива „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на свои неидентификувани извори.

Весникот пишува дека натрапникот Омар Гонзалес (42), не само што навлегол во зградата, туку успеал да дојде и до „Источната соба“ која важи за силно обезбедуван дел на Белата куќа. Оваа просторија има таков безбедносен статус, затоа што се користи за службени приеми, но и за обраќања на претседателот на САД.

Во сите досегашни извештаи за инцидентот, се споменуваше дека Гонзалес бил запрен од обезбедувањето веднаш по упадот, кај влезот познат како „Норт Портико“ откако ја прескокнал оградата.

Ова е првпат, да се разбере дека Гонзалес успеал да навлезе во Белата куќа и да „протрча до Источната соба“ без притоа да биде виден и запрен од безбедноста на претседателот.

Безбедносни експерти обкаснуваат дека станува збор за исклучително тежок и опасен инцидент, како и за голем пропуст на Тајната служба на САД, која се грижи за безбедноста на американските претседатели, додека се во Белата куќа или било каде надвор од неа.

Веднаш по инцидентот е отворена службена истрага за тоа кој и каде затаеил во силната безбедносна мрежа што постои во Белата куќа, а директорот на Тајната служба, Џулија Пирсон е повикана на сослушување пред еден конгресен комитет.

Омар Гоназел кој е ветеран од ирачката војна, при упадот бил вооружен, соопшти по апсењето полицијата. При претресот на неговото возило се открини две пушки, разно рачно оружје и многу муниција, како и една детална карта на Вашингтон, на која посебно била означена Белата куќа.

Според „Вашингтон Пост“ Гонзалес бил еднаш запрен од полицијата во сојузната држава Вирџинија, а во текот на јули, на два пати бил сослушуван од полицијата, но биле заклучено дека тој не претставува безбедносна закана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top