| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на кабинетот на поранешниот српски премиер работел за наркомафијата

sef na kabinet na dacic

 Српското обвинителство за организиран криминал вчера поднесе обвинителен предлог против Бранко Лазаревиќ, поранешен шеф на кабинетот на премиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, поради оддавање полициски информации за следење и прислушување припадници на криминалната група на озлогласениот наркобос Дарко Шариќ.
Лазаревиќ денес работи во Амбасадата на Србија во Атина, но нема информации дали српските власти ќе го вратат наскоро од должноста.
Дали ќе биде повлечен Лазаревиќ во Србија, каде што го чека судење, српските медиуми побарале одговор и од актуелниот шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ, но безуспешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top