| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот комесар ќе ја претстави својата политика за проширување во ЕП

Johannes-Hahn

Новоизбраниот комесар за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска во Европскиот парламент ќе образложи како планира да ја води политиката на прошируваање.

Хан претходно изјави дека политиката на проширувањето е мотор на реформите, но и дека секоја земја ќе стане членка на ЕУ само ако за тоа е целосно подготвена.

Прием на нови земји-членки во следните пет години ќе нема. Тоа го потврди Хан уште при стапувањето на функцијата. Комесарот денеска ќе го даде своето видување на политиката во соседството пред одборот за надворешна политика на ЕП.

Во поглед на клучните поглавја од владеењето на правото, Хан смета дека треба да се зајакне политичкиот дијалог на високо ниво и ангажирањето околу тие земји и да се даде поттик на реформите за да ги искористат сите можности од фондовите на ЕУ.

Тој истакна дека ќе работи на поправање на начинот на кој ЕУ им помага на земјите кои се подготвуваат за прием за да ги достигнат економски мерила на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top