| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени емигранти од Африка

migranti

На 27 февруари во атарот на селото Киселица, Кумановско, биле затекнати нелегални мигранти кај неколку скопјани.

Се работи за 18-годишниот Џ.М., 28-годишниот Ф.И., 27-годишниот Ф.С. и за 25-годишниот Е.С., сите од Скопје, кај кои биле затекнати 12 странски државјани, без документи за идентификација.

Од странците шестмина се државјани на Брегот на Слоновата Коска, тројца на Мароко, двајца на Мали и еден на Фарските Острови.

Регионалниот центар за граница „Север“ по документирање на случајот против четворицата скопјани поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а истражен судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top