Авганистан утре ќе потпише исклучително важен договор за безбедност, со кој ќе им се дозволи на САД да остават мал контингент војници во земјата и по завршувањето на оваа година, соопшти американската амбасада во Кабул.
Новоизбраниот авганистански претседател Ашраф Гани ќе го потпише договорот во претседателската резиденција заедно со претставници на американската влада. Засега од безбедносни причини не се потврдува списокот на учесниците во потпишувањето.
Американскиот државен секретар, Џон Кери, минатата недела истакна дека не може лично да пристигне во Кабул поради посетата на индискиот премиер Нарендра Моди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



