Шпански дипломат во Судан денеска бил пронајден мртов со рана од нож во неговиот дом во Картум, соопшти полицијата, а пренесуваат француските медиуми.
– Шефот на визната служба во шпанската амбасада беше пронајден мртов со рана од нож во неговиот апартман во квартот Гарден сити, во источниот дел на Картум – посочи полицијата во коминике.
Се прецизира дека жртвата е на возраст од 61 година и во Судан работел веќе три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



