Играчот за врска од тимот на Њукасл, Шеик Тиоте е оженет и има две деца, но неодамна на Брегот на Слоновата Коска се ожени со уште една жена – што предизвика голем бес кај љубовницата со која има едно дете!
Тој веќе има сопруга, 25-годишната Мада, со која има две деца. Иако нема ништо против вториот брак на Тиоте, неговата љубовница, 33-годишната Ники Мпофу од Зимбабве, која има дете со него, е многу лута!
– Тој се запозна со мајка ми и ѝ рече дека има право да има повеќе жени. Јас не се бунев. Но, само ме искористи. Тој е свиња – наводно ѝ рекла Ники на своја пријателка.
Агентот на фудбалерот потврдил дека тој се оженил по вторпат.
– Да се ожени, тоа му е втор брак. Не е ништо чудно, тој е муслиман – вели Мусампа.
За полигамија во западна Африка може да се оди во затвор од 6 месеци до 3 години, но и покрај тоа оваа појава меѓу муслиманите во тој дел од земјата е многу честа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


