| четврток, 6 декември 2018 |

Хроно исхрана – хит во светот за слабеење и подмладување

hrono-2

Обидите да се симне некој килограм се тешки, некогаш дури и залудни. Но технологијата оди напред, науката исто така. Невозможните работи сега стануваат возможни. Хит во светот моментално е хроно исхраната, со која се слабее здраво.

Што е хроно исхрана?

Програмaтa на хроно исхрана овозможува без голема мака, за кратко време, да се научат принципите на здрава исхрана, правилен избор на намирници и добри комбинации на различни намирници, кои можат да се применат во секоја прилика, на училиште, на работа, дома, на одмор или на службен пат. Посебно е значаен по тоа што сите правила можат да се применат внатре во семејството и што децата можат многу рано да се усмерат кон целта да имаат долг и здрав живот.

Оние кои се заболени од најчестите современи болести на метаболизмот, во рок од 10-30 дена можат да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот. Програмот има одредени правила и постојат барања кон кои мора да се придржува, а од друга страна рестрикциите се минимални и лесно се поднесуваат.

Резултатите покажуваат 100% успех кај сите оние кои успеале да ги совладаат основите на физиолошки процеси.

Програмот не подразбира броење на калории, мерење намирници и одредување количина на храна, не постојат одредени листи на јадење, како ни зададени рецепти. Филозофијата на програмот е во тоа секој човек да добие знаење кое ќе биде основа за понатамошно живеење на здрав живот.

Програмот за хроно исхрана – др. Гифинг, е достапен и во Македонија, а ќе се спроведува во Центарот за внатрешни болести „Срце“ во Скопје, во кој ќе бидат ангажирани високо специјализирани стручни кадри, лекари – специјалисти и нутриционисти, како и примена на врвна технологија. Се извршуваат сите неопходни дијагностички процедури со цел да се утврди постоечката здравствена состојба, а потоа во тек на повеќемесечни консултативни прегледи и контроли ги следат постигнатиот резултат.

Предност на програмот на хроно исхрана е во тоа што никогаш не се јавува т.н. јо-јо ефект (губење – враќање на тежина), а метаболните пореметувања трајно се решаваат.

Тим на лекари препорачува одредена комбинација на витамини, антиоксиданси, минерали и аминокиселини, исклучително според резултатите на целните дијагностички процедури, така што со овие протоколи се забрзуваат резултатите и се овозможува трајност на постигнатите ефекти.

Основната идеја за режим на исхрана по одредено време потекнала од францускиот лекар Алаин Делабоса, кој го има регистрирано својот програм 1986 година. Овој програм претрпел бројни промени во светот.
Колку време треба да се биде на неа и кои продукти ги содржи?

Во првата фаза од програмот на исхрана, т.н. рестриктивен режим кој трае 28 дена, подразбира неконзумирање на брзи (прости) шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт шеќер, вештачки засладувачи итн., како и на алкохолни пијалоци кои содржат висока концентрација на алкохол, тврди пијалоци. По спроведување на рестикривниот режим одредени продукти постапно се вклучуваат во исхраната.
Доколку кај некој пациент се најде одредена интолеранција на некоја храна, во траење од 3-6 месеци се спроведува т.н. детоксикација од таа храна, а по спроведување на истата полека, постапно се враќа таа намирница во исхраната.
Промената на некои стекнати штетни навики и прифаќањето на здравите навики во исхраната, како и совладувањето на основите на физиологијата на исхрана ќе треба понатаму да се применуваат трајно во животот. И тоа е основниот принцип на хроно исхраната.

mens

Очекувани ефекти?

Оваа програма дава извонредни резултати кај гојазните, лицата кои боледуваат од дијабет и кај сите луѓе кои имаат зголемени маснотии во крвта или кој било облик на метаболен синдром. Како напомена би рекле дека кај луѓето за многу кратко време се постигнува подобрување на сите физиолошки параметри (веќе во првите 24 часа, највеќе до 7 дена). Во случај на примена каква било претходно пропишана терапија од ординирачкиот лекар, дејството на тие лекови може да се потенцира и да дојде до непожелни реакции, како пад на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Крвниот притисок и шеќерот тогаш мора да се контролираат повеќе пати дневно, а терапијата (која некогаш била и повеќегодиншна) мора да се намали, што не е препорачливо да го прави самиот пацијент.
Начин на спроведување

Со програмот на хроно исхраната, се овозможува за брзо време, без голема мака да се научат принципите на здрава исхрана, како и правилен избор на намирници и добра комбинација на истите. Програмот на хроно исхрана подразбира конзумирање на храна во одредено време од денот, три пати дневно со растојание од 4-6 саати помеѓу оброк.

Употреба на технологија

Во нашиот центар постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.
Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатаму количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килорграми, тежината на коскеноминералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам. Од сите параметри, на крај се калкулира и здравственофизичкиот score.
Вториот апарат е mora-nova, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање на интолеранција на одредени храни, без анализи на крвта.
После оваа опфатна дијагностика, се применува индивуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.
Групи на луѓе кои може да ја спроведуваат

Како што беше досега наведено, програмот може да го користат луѓе од сите воздрасти, а особено програмот е погоден за деца, трудници, оние кои се здрави и немаат здравствени проблеми. Луѓето кои страдаат од современите болести на метаболизмот, покачени маснотии (холестерол и триглицериди), покачен шеќер – дијабет. Посебна група на луѓе се луѓето со прекумерна телесна тежина – гојазност или т.н. метаболен синдром. Практично постојат програми на исхрана за најчеститетите заболувања кај човекот (анемија, покачен крван притисок – хипертензија, дијабетес итн.); како и посебни програми за спортисти; подхранети итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top