Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ порача дека границата меѓу таа земја и БиХ нема да биде Кинески ѕид и дека ќе стори сè за да граѓаните и натаму можат да патуваат само со лични карти.
Јосиповиќ по средбата со делегацијата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ вчера во Загреб рече дека Хрватска смета дека сите земји од регионот имаат свое место во ЕУ, што посебно важи за БиХ на која Загреб е подготвен да ѝ ја пружи сета политичка и техничка помош.
Според него, економската состојба треба да се развива и во нови околности и да се направи што е можно полиберална.
Кога станува збор за внатрешни најважни политички прашања на БиХ, Јосиповиќ ги повика претставниците на трите народи да најдат консензус заради стабилноста и заедничкото напредување кон ЕУ и кон НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.