Во првите 100 дена од работењето на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реализираше и почна голем број проекти, информираше денеска ресорниот министер Михаил Цветков.
– Покрај секојдневната комуникација со земјоделците и нивните здруженија, Министерството успешно го заврши аплицирањето за субвенции каде што беа поднесени 74 илјади барања, а дел од нив веќе се исплатени. Од оваа година земјоделците ги добиваат субвенциите по однапред дефиниран „Календар за субвениции“, со кој точно е определена динамиката на аплицирање и на исплата на субвенциите која е усогласена според потребите на земјоделците. Досега, според овој календар, се исплатени тутунарите, а во периодот септември-октомври следи исплатата за полјоделските култури – истакна Цветков.
Од програмата за рурален развој се резлизирани 14 проекти за изградба на локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи, 10 проекти за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини и 6 проекти за унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.
– Во овој период ја почнавме реформата за подобрено управување во водостопанството. Владата формира работна група за анализа и подготовка на акти за формирање акционерско друштво во државна сопственост – Водостопанство на Република Македонија. Во тек се јавни расправи и се очекува до крајот на октомври 2014 година предлог-законот за Водостопанство на Република Македонија да биде поднесен до Владата. Во подготовка е дефинирањето на планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура во период 2015-2025 година. Во него е предвидено да се вложуваат по 20 милиони евра секоја година, со што ќе се овозможи зголемување на наводнуваните површини на долг рок за нови речиси 25.000 хектари – додаде министерот Цветков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Тренов: СДС и Заев не го исполнија ниту едно ветување кон земјоделците
-
Отчет на градоначалникот Коневски: Аеродром е една од ретките општини која не должи ниту денар (Видео)
-
Отчет за сработеното на Славчо Чадиев, Градоначалник на Велес