| четврток, 6 декември 2018 |

Во октомври вториот Глобален инвестициски самит за Македонија

т Во Охрид од третти до шестти октомври ќе се одржи вториот Глобален инвестициски самит за Македонија чиј домаќин ќе биде организацијата Македонија 2025

8A3E4225D31A4C4F9FF2D30C98384361
“Фокусот на овој самит ќе биде зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење. Учесниците ќе дискутираат за клучни прашања поврзани со конкурентноста на нашата држава, и тоа за инфраструктурата и енергијата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар и ефикасноста на пазарот на работниците. Самитот ќе прикаже успешни стратегии за лидерство, претприемништво и иновација кои се применливи на глобалните пазари, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на македонските производи и услуги“, велат од Македонија 2025.

На настанот, кој лани се одржа за првпат и собра 350 странски и домашни бизнисмени, повторно ќе биде собирно место за високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија.

На самитот ќе биде овозможено и следење на серија лидерски и мотивациски говори, работилници на темите иновација, претприемништво, истражување и технологија. За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови на настани за поврзување и дружење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top