Возило удрило во столпчињата на тротоарот, по што завршило во метален столб. Несреќата се случила синоќа 55 минути по полноќ. Според МВР, од засега непознати причини возило „ситроен берлинго“ излетало, удрило во металните столпчиња и удрило во метален столб.
– Се работи за возило со бугарски национални ознаки. Со него управувал В.М. роден 1990 година од Македонска Каменица. Во незгодата што се случила на сообраќајницата „Метрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се повредени возачот и двајца сопатници кои се префрлени во Ургентниот центар – вели за „Република“ Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.
Очевидци тврдат дека возилото се движело пребрзо. Младите патници се враќале од „Виноскоп“. Со цел да се избегнат вакви ситуации, мистерката Гордана Јанкуловска и градоначалникот Коце Трајановски делеа ваучери за такси-превоз. МВР има кампања за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“. Во рамки на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска ќе се одржи работилница во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ со учениците од второ и од четврто одделение.
ФОТО: РЕПУБЛИКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.