
Министерот за економија, Беким Незири, и комесарот на Генерелниот директорат за претпријатија и индустрија при Европска комисија, Нели Ферочи, денеска во Брисел ќе потпишат договор за учество на Македонија во Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и на средни претпријатија (КОСМЕ) 2014–2020.
Програмата, како што информираат од Министерството за економија, има цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис-услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и за средни претпријатија, постојни и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизниси.
Оваа Програма претставува продолжение на Програмата за конкурентност и иновации ЦИП 2007-2014 за која беше надлежно Министерство за економија и која создаде рамка за поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


