| четврток, 6 декември 2018 |

„Монстер трак“ усмрти три лица на шоу во Холандија (видео)

На шоуто „Монстер трак“, кое се одржа во Холандија, дојде до несреќа откако еден од возачите загуби контрола над своето возило и излета во публиката при што настрадаа три лица, од кои едно е дете.

Во несреќата се повредени повеќе од 15 лица, од кои пет се со тешки повреди.

Холандските власти го приведоа возачот, а стартуваше и истрага за утврдување на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top