| четврток, 6 декември 2018 |

Белата Вдовица во нова мисија за Исламската држава

belata vdovica

Триесетгодишната Саманта Лутвеит, позната во светот како Белата Вдовица и една од најбараните жени во светот, во моментот е вклучена во пропагандната кампања на Исламската држава за привлекување нови борци, а во исто време врши обука на жени бомбаши-самоубијци во Сирија, пишува британски „Мирор“. Британката, која откако премина во ислам го доби името Шерафијан, е три години во бегство, а по неа трагаат британските, американските и кенијските безбедносни служби. Таа, меѓу другото, е осомничена и за учество во масакрот во трговскиот центар во Најроби минатата година. Нејзиното големо терористичко искуство кое сега го пренесува на борците на ИСИЛ дополнително ги загрижува Велика Британија и САД. Се претпоставува дека токму Шерафијан, која е ќерка на поранешен британски војни, е дел од медиумската кампања на ИСИЛ со која се објавуваат видеоснимки од отсечени глави на киднапирани.Шерафијан е мајка на четири деца и вдовица на еден од водачите на терористичката организација Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, и организатор на терористичките напади во лондонското метро на 7 јули 2005 година. По неговата смрт таа ја презеде улогата на нејзиниот сопруг, а се бара и за серија терористички напади. Според разузнавачките информации на безбедносните служби на западните земји, таа е чувана од елитна група терористи самоубијци кои се подготвени да го убијат секој што ќе ѝ се доближи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top