Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина денеска во Будва ќе потпишат спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи. Спогодбата во име на македонската влада ќе ја потпише заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.
Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет-услуги преку мобилни телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори меѓу петте држави од регионот.
За примена на спогодбата, чијашто содржина ја договораа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите-потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент