| четврток, 6 декември 2018 |

Противниците на Парадата запалија автобус и ја нападнаа зградата на „Б92“

Група на навивачи денес околу 13.40 часот запалиле автобус на Јужниот булевар во Белград. Како што за „Танјуг“ информираше српското МВР, неколкумина навивачи фрлиле десетин ракети во автобус кој сообраќа на линијата 46, но за среќа во инцидентот никој не е повреден, а пожарникарите се на терен.
Во друг инцидент по завршувањето на Парадата на гордоста, група од 30-тина хулигани фрлиле повеќе димни бомби, ракети и останати пиротехнички средства врз полицајците кои се наоѓале кај влезот на зградата на телевизијата „Б92“. Едене полицаец е повреден откако бил погоден со камен, а околу зградата уште има густ дим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top