| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизискиот претставник се бира на 12 ноември

Оваа година, според мислењето на македонската јавност, победникот на „Скопскиот фестивал“ ќе ја претставува МРТ и Македонија на јубилејниот 60. избор за песна на „Евровизија“ во Виена 2015 година, соопштија од националниот сервис.

„Скопски фестивал 2014“ ќе се одржи на 12 ноември, во предвечерието на „Денот на ослободувањето на Скопје“, со почеток во 20:30 часот.

Дваесет нови композиции ќе бидат изведени во живо, придружувани од  Ревискиот оркестар на МРТ, составен од врвни музичари. Како место на случување се предвидува  сцената на Метрополис Арената во Скопје, а како водител на фестивалот и оваа година треба да го видиме  познатиот македонски актер, Васил Зафирчев.

Победникот на фестивалот ќе се определи според евровизискиот принцип на гласање по пат на  телевоутинг и меѓународно стручно жири  во сооднос  50 : 50 %.

И годинава, на „Скопски фестивал“ ќе бидат доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ и овојпат ја доделува на личност , чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на фестивалот, но исто така, и со историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто.

Како што изјави уметничкиот директор на фестивалот „ Скопје 2014 “, Валентино Скендеровски, селектираните композиции засега со  работен наслов, влегуваат во фаза на музичко, текстуално и аранжерско дообликување, по што ќе следува и нивно снимање во едно од музичките студија на Македонската Радио Телевизија .

Новото издание на фестивалот на забавни мелодии  „ Скопје 2014 “ коешто оваа година е во знакот на одбележување на двата значајни јубилеи за Македонската Радио Телевизија :70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија , и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе ù го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.

Погледнете ја листата на изведувачи тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top