Австралиската туристичка индустрија почна популарна кампања под името „Најдобри работни места во светот“ нудејќи им шанса на луѓето да станат „главен шегаџија“, „мајстор за вкус“ или „авантурист“. Кампањата е насочена кон помладата популација која на австралискиот туризам годишно му носи по 9,4 милиони евра, а на уживање троши 1,2 милион евра.
Ова е продолжение на кампањата од 2009 година во која победи Биртон Бен Сутбал, кој стана чувар на Големиот корален гребен шест месеци. Оваа кампања предизвика големо интересирање кај сите млади во светот. Овој пат во понудата има шест работни места. Секој од нив е сместен во друга австралиска држава, а за шест месеци може да се заработат 78 илјади австралиски долари. Конкурсот е отворен за лица од 18 до 30 години, особено за оние земји каде што е полесно добивањето австралиска туристичка виза, како, на пример, во Велика Британија, САД, Франција, Хонг Конг, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.
Министерот за туризам на Австралија, Ендрју Меквој, изјави дека овој конкурс треба да ги поттикне сите млади што се желни за забава и за авантура.
– Овој конкурс нуди одлична платформа да привлечеме повеќе млади од целиот свет да дојдат во Австралија на одмор, но и да рабоат и да помогнат да ги пополниме работните места што се празни – изјави Мејвој.
Работното место „главен шегаџија во Њу Саут Велс“ ви овозможува да станете многу важна личност во Сиднеј, да присустувате на сите значајни фестивали и настани и тоа да го објавите на социјалната мрежа „Твитер“.
„Мајстор на вкусот“ би патувал по западна Австралија, би јадел во најдобрите ресторани, би пиел во винарници, пивници и пабови, а работата на „авантуристот“ е да ја открие најдобрата страна на туристичката работа. Има и позиции како „парк-ренџер“ во Квинсленд, „лајфстајл фотограф“ во Викторија, „домар во дивината“ во Јужна Австралија кој работата треба да ја извршува одејќи пеш и возејќи се на велоспиед, кајак и брод.
– Не знаев дека ќе нуркам, ќе скокам со падобран, ќе готвам и ќе одам пеш по дивината, а успеав во сето тоа. Искуството што го стекнав, ми го смени животот – изјави победникот во 2009 годна, Сутбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.