Брачната двојка Марија Нацева и Гоце Ѓошев се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес „Арнолд класик јуроп“, кој годинава се одржа во Мадрид и оставија голем впечаток кај судиите и натпреварувачите со својата форма.
– Ја претставив Македонија во најдобро светло, се пласиравме во полуфинале. Но, јас не застанувам овде, го сакам овој начин на живеење и поради тоа продолжувам понатаму, со нови пласмани и успеси ! Огромно Благодарам за постојаната поддршка и позитивни мотивирачки мисли во моментите кога најмногу ми се потрени – изјави Нацева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.