Вчера на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „фиат дукато“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Б.(42), возејќи наназад удрил во пешакот Богдан Ј.(83) од Велес кој починал на местото на настанот.
Смртта ја констатирал лекар од ИМП. По наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во институтот за судска медицина – Скопје за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


