| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во ОН гласаше против насилството над ЛГБТ заедницата

Советот на Обединетите нации (ОН) за човекови права усвои резолуција против насилството врз ЛГБТ популацијата.

Резолуцијата е усвоена со 25 гласа за и 14 против, по дебата која траела повеќе од еден час, пренесоа западните медиуми.

Меѓу државите кои гласаа „за“ резолуцијата беше и Република Македонија. Поддршка на резолуцијата дадоа и САД, Германија, Франција, Црна Гора, Аргентина, Куба, Чешка, Јапонија, Мексико, Виетнам…

Против резолуцијата, меѓу останатите, беа Русија, Пакистан, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Алжир.

Воздржано гласаа седум држави, вклучително Кина, Индија, Казахстан.

„Задоволни сме бидејќи гледаме дека денес меѓународната заедница видливо и јасно ја поддржува ЛГБТ популацијата и на тој начин се претставуваме како глобална заедница која ги почитува сите права“, рече амбасадорката Кејт Харпер, прпетставничка на САД во Советот на ОН за човекови права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top