| четврток, 6 декември 2018 |

Радикали во исламот, но и во православието

Срп­ски­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та дој­де во Скоп­је со по­ра­ка за обе­ди­ну­ва­ње во бор­ба­та со ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам. Иви­ца Да­чиќ не му про­сти на За­па­дот за то­ле­ран­ци­ја­та на ра­ди­ка­ли­те од Ср­би­ја и од Ма­ке­до­ни­ја, кои со фор­му­ла­та „чи­ри-бу, чи­ри-ба“ ста­ну­ва­ат свет­ски проб­лем ду­ри ко­га ќе поч­нат да уби­ва­ат во Си­ри­ја и во Ирак. Ова е ед­на­та стра­на на се­вер­ни­от со­сед, дру­га­та е СПЦ, ко­ја пре­ку сво­јот Ири­неј во исти­ов мо­мент го ту­жи на­ши­от пог­ла­вар г.г. Сте­фан за „рас­кол­ниш­тво“. Гле­да­но от­стра­на, има­ме чу­ден спој на ду­хов­на и на све­тов­на власт во ед­на иста др­жа­ва. Ис­лам­ски, но и пра­вос­ла­вен вер­ски ра­ди­ка­ли­зам на де­ло...

Срп­ски­те вла­сти, нор­мал­но, и на­та­му ќе се ва­дат на се­ку­лар­но­ста на др­жа­ва­та. Се­ка­ко, Ср­би­ја не е Ва­ти­кан ка­де што има­ме единс­твен спој на ду­хов­на­та и на све­тов­на­та власт, ни­ту, пак, не­ко­ја од мус­ли­ман­ски­те зем­ји ка­де што аја­то­ла­хот е вер­ски и све­то­вен ли­дер, но ка­ко и да е, две­те ма­кси­мал­ни спро­тив­ста­ве­но­сти на ста­во­ви­те, ед­но­став­но, бо­дат очи.

Ре­чи­си исто­вре­ме­но ко­га срп­ски­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та, во пре­поз­нат­ли­ви­от, кла­си­чен стил на Бел­град, го иско­ри­сти Скоп­је, ка­ко дел од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски про­вин­ции, да упа­ти сил­на и нед­вос­мис­ле­на по­ра­ка до За­па­дот де­ка нив­ни­от трет­ман на ис­лам­ски­те ра­ди­ка­ли не со­од­вет­ству­ва со ре­ал­но­ста на огром­ни­от ри­зик што го но­сат со се­бе, не­го­ва­та ма­тич­на цр­ква го ста­ви на „пре­дав­нич­ки“ стол на­ши­от ар­хи­е­пи­скоп г.г. Сте­фан. Или, мо­же­би, по­се­та­та на Да­чиќ има­ше уло­га во уб­ла­жу­ва­ње­то на глу­по­ста на Ири­неј?

Од ед­на стра­на, збо­ру­ва­ме за два на­ро­да со ед­на, иста пра­вос­лав­на ве­ра, кои не­ма­ат ап­со­лут­но ни­ка­ков проб­лем на др­жав­но ни­во и кои, на­про­тив, по си­те пре­мре­жи­ња по­вр­за­ни со рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, оста­наа без ни­ка­ква дам­ка во ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си. Дру­га­та стра­на е по­вр­за­на со иста­та таа ве­ра и, во нај­ма­ла ра­ка ка­жа­но, не­ра­зум­ни­от од­нос и дејс­тву­ва­ње на Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, ко­ја ве­ќе со де­це­нии го за­пи­ра мо­мен­тот на до­би­ва­ње­то на фор­мал­на­та авто­ке­фал­ност на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, ре­ал­но до­би­е­на и зас­лу­же­на пред мно­гу де­це­нии.
На це­ла­та при­ка­ска, ра­ди­кал­но на­мет­на­та од СПЦ и од пле­ја­да­та исто­мис­ле­ни­ци на Ири­неј во иста­та псев­до­цр­ков­на ор­га­ни­за­ци­ја, ѝ се спро­тив­ста­ву­ва и ма­ке­дон­ска­та ре­ак­ци­ја на не­о­дам­неш­ни­те поп­ла­ви во со­сед­на­та зем­ја, ко­га срп­ски­от на­род ги оква­ли­фи­ку­ва Ма­ке­дон­ци­те ка­ко брат­ска на­ци­ја, ко­ја се­ко­гаш, осо­бе­но во нај­те­шки­те мо­мен­ти, е ту­ка за нив.

Но тоа, за жал, е ре­ал­но­ста. Дру­га­та, фин­ги­ра­на и из­вр­те­на ре­ал­ност ја фор­ми­ра­ат чел­ни­ци­те на СПЦ. Иа­ко ве­ра­та тре­ба, ба­рем по си­те ка­но­ни и пра­ви­ла, и све­тов­ни и ду­хов­ни, да обе­ди­ну­ва и об­ла­го­ро­ду­ва, очиг­лед­но, тоа не ва­жи кај исто­мис­ле­ни­ци­те и при­вр­за­ни­ци­те на Ири­неј Бач­ки. Да­чиќ, во име­то на срп­ска­та Вла­да, по­ви­ка на бор­ба со ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам, а тре­ба­ше ли да по­ба­ра и рас­чи­сту­ва­ње со ра­ди­ка­ли­те во пра­вос­ла­ви­е­то?

 

Analiza107-2

 

Исламистите бараат калифат, а православните црковни лица водат братоубиствена војна

Во Скоп­је срп­ски­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та по­ви­ка на за­ед­нич­ка бор­ба на Ма­ке­до­ни­ја и на Ср­би­ја со ра­ди­кал­ни­от ис­лам, исто­вре­ме­но ба­рај­ќи сил­на под­др­шка на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за овој чин, со јав­но жи­го­су­ва­ње на исти­от тој фа­ктор за то­ле­ран­ци­ја­та на ва­кви­те дејс­тву­ва­ња на Бал­ка­нот. Два­е­се­ти­на де­на прет­ход­но, СПЦ нај­а­ви туж­ба за ар­хи­е­пи­ско­пот г.г. Сте­фан?! Има­ме од­лич­на со­ра­бо­тка на ме­ѓу­др­жав­но ни­во, но и есен­ци­ја­лен проб­лем ток­му на цр­ков­но, т.е. ре­ли­ги­ско ни­во. Од ед­на стра­на, тре­ба за­ед­но да се бо­ри­ме со ре­ал­ни­от проб­лем, ис­ла­ми­сти­те, а, од дру­га, стои ире­ал­ни­от, но гла­вен проб­лем за приз­на­ва­ње­то на МПЦ, ток­му од цр­ква­та во со­сед­на­та др­жа­ва. Ма­ке­дон­ски­те поз­на­ва­чи на со­стој­би­те, кои со го­ди­ни го сле­дат спо­рот ме­ѓу МПЦ и СПЦ и не­го­ви­от одраз врз све­тов­ни­те од­но­си, се сог­ла­су­ва­ат де­ка ос­но­ва­та на проб­ле­мот е во вер­ски­от ра­ди­ка­ли­зам и на­ци­о­на­ли­зам на СПЦ. Но­ви­на­рот Бран­ко Гор­ѓев­ски ве­ли де­ка се­га ра­ди­ка­ли­те од СПЦ на јав­но­ста ќе ѝ по­ну­дат јав­на ег­зе­ку­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от ар­хи­е­пи­скоп, мно­гу слич­на на ис­лам­ски­те ра­ди­ка­ли, кои тоа го пра­ват пред ка­ме­ра, со ви­стин­ски но­же­ви.

Branko-Gjorgjevski-analizaЃорѓевски: Не ме за­чу­ду­ва за­лож­ба­та на срп­ски­от пре­ми­ер. Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца се­га се мо­би­ли­зи­ра про­тив ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам и вклу­чу­ва­ње­то во тој фронт ќе до­не­се по­е­ни за се­ко­ја по­ли­тич­ка гар­ни­ту­ра. Да­чиќ, со сво­јот пре­поз­нат­лив реф­лекс, тоа го фор­си­ра со исто­вре­ме­на кри­ти­ки на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за то­ле­ри­ра­ње­то на ра­ди­кал­ни­от ис­лам и со тоа тре­ба да до­бие сим­па­тии во јав­но­ста. Во ед­на та­ква офан­зи­ва не се на­о­ѓа ме­сто за ко­мен­тар за ра­ди­кал­ни­от по­тег што СПЦ го пре­зе­де со из­вес­но­то рас­чи­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от ар­хи­е­пи­скоп Сте­фан. Не ка­жу­ва ни­што би­деј­ќи овој по­тег што го пла­ни­ра срп­ска­та цр­ква, на­ви­сти­на, ќе би­де без пре­се­дан и тој ка­ко пре­ми­ер не­ма што да ка­же. До­кол­ку се огра­ди од не­го ќе ги на­ру­ши од­но­си­те со СПЦ, а тие, кол­ку што мо­жам да ви­дам, се иди­лич­ни ко­га е во пра­ша­ње со­ра­бо­тка­та ме­ѓу срп­ска­та др­жа­ва и цр­ква.

Ѓор­ѓев­ски не ве­ли де­ка срп­ски­от др­жа­вен врв бил кон­сул­ти­ран за су­де­ње­то, но и таа мис­ла не му е да­ле­ку. Тој има впе­ча­ток де­ка срп­ски­те др­жав­ни­ци се­га мал­ку се „ди­стан­ци­ра­ле“ од ме­ѓу­цр­ков­ни­от спор би­деј­ќи уви­де­ле де­ка не мо­же да се на­пра­ви ни­ка­ков че­кор по­ра­ди ул­ти­ма­ту­мот на СПЦ за ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Вра­ни­шко­ски. Ве­ро­јат­но, ве­ли тој, слич­но убе­ду­ва­ње, де­ка не мо­же не­што да се по­ме­сти, има и во на­ши ре­до­ви, па по­ра­ди тоа ма­ке­дон­ско-срп­ско цр­ко­вен проб­лем се ста­ва на стра­на.

Branko-Gjorgjevski-analizaЃорѓевски: Има­ме ед­на си­ту­а­ци­ја на ми­ру­ва­ње, ко­ја са­мо на­ви­дум е по­мир­на. Иа­ко од­но­си­те ме­ѓу др­жа­ви­те се до­бри, цр­ков­ни­от проб­лем ве­ќе со де­це­нии е точ­ка по­ра­ди ко­ја по­стои го­лем сте­пен на нер­во­за, по­себ­но на ма­ке­дон­ска­та стра­на. Исто­ри­ја­та мно­гу ка­жу­ва ка­кви би­ле по­зи­ци­и­те на СПЦ во од­нос на Ма­ке­до­ни­ја, кон ма­ке­дон­ски­от на­род, и сѐ до­де­ка не би­де ре­шен тој проб­лем ни­кој ту­ка не­ма да би­де убе­ден де­ка се от­стра­не­ти си­те опас­но­сти и не­зи­вес­но­сти по Ма­ке­до­ни­ја. За тој проб­лем ре­ше­ни­е­то не се ни на­ѕи­ра и се­га ќе се дој­де во ап­сурд­на си­ту­а­ци­ја да се бо­ри­ме про­тив ис­лам­ски­от ра­ди­ка­ли­зам, а пра­вос­лав­ни­от ќе си тлее и ќе се под­гре­ва со ва­кви срп­ски по­те­зи.

Се­га сѐ ѝ е оста­ве­но на СПЦ, ко­ја по­сег­на по „обезг­ла­ву­ва­ње­то“ на ар­хи­е­пи­ско­пот и на МПЦ, слика што ќе ни ја ну­ди на­ред­ни­те ме­се­ци пре­ку „јав­на­та ег­зе­ку­ци­ја“ во рам­ки­те на не­ка­кво су­де­ње. Ра­ди­ка­ли­те од СПЦ (по­себ­но епи­ско­пот Ири­неј Бач­ки и ми­тро­по­лит Ам­фи­ло­хие) не упо­тре­бу­ва­ат но­же­ви и не се­чат гла­ви пред ка­ме­ри, но по­ен­та е иста – се са­ка страв и пре­мис­лу­ва­ња­та во ма­ке­дон­ски­те цр­ков­ни ре­до­ви отка­ко ќе му се „пре­се­че“ гла­ва­та на ар­хи­е­пи­ско­пот.

И но­ви­на­рот Мар­јан Ни­ко­лов­ски, кој, исто та­ка, со го­ди­ни ги сле­ди кон­сте­ла­ци­и­те ме­ѓу МПЦ и СПЦ, ве­ли де­ка цр­ква­та на се­вер­ни­от со­сед жи­вее во по­се­бен свет, кој, за сре­ќа, не­ма одраз врз др­жав­на­та по­ли­ти­ка на Ср­би­ја. Оче­ку­ва и пре­по­ра­чу­ва по­го­ле­мо вклу­чу­ва­ње на си­те бал­кан­ски зем­ји во бор­ба­та со ра­ди­кал­ни­от ис­лам.

Marjan-Nikolovski-analizaНиколовски: Ед­но се жел­би­те на по­ли­ти­ча­ри­те, а со­се­ма дру­го е вол­ја­та на вла­ди­ци­те. Но, јас не би ги по­вр­зу­вал овие две ре­ла­ции, ма­ке­дон­ско-срп­ска­та ини­ци­ја­ти­ва за иско­ре­ну­ва­ње на ра­ди­кал­ни­от ис­лам од ед­на стра­на и од дру­га де­це­ни­ски­от спор МПЦ-СПЦ. Ед­но­став­но, тоа се две со­стој­би што има­ат раз­лич­ни еле­мен­ти и кои не­ма­ат до­пир­ни точ­ки. Ини­ци­ја­ти­ва­та за со­ра­бо­тка ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја е од по­ли­тич­ко-др­жав­ни ин­те­ре­си, не­што што е об­вр­ска на се­кој по­ли­ти­чар и тоа е до­бро. Проб­ле­мот СПЦ-МПЦ е од на­ци­о­на­ли­стич­ка при­ро­да, мо­ти­ви­ра­на од без­ра­зум­но­ста и од отсус­тво­то на по­и­ма­ње за ре­ал­но­ста кај не­кои вла­ди­ци во СПЦ и тоа не е до­бро.

Тоа што е до­бро е што јас не гле­дам де­ка вли­ја­ни­е­то на овие срп­ски вла­ди­ци има одраз врз др­жав­на­та по­ли­ти­ка што ја спро­ве­ду­ва акту­ел­на­та власт во Ср­би­ја и тоа е за поз­дра­ву­ва­ње. Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква жи­вее во свој свет. Тој свет за од­дел­ни вла­ди­ци е сон за на­ци­о­нал­ни пре­тен­зии. Не­што што одам­на, ба­рем та­ка јас мис­лам, не е ве­ќе др­жав­на по­ли­ти­ка на офи­ци­ја­лен Бел­град. Од тој сон не ве­ру­вам де­ка, во овој зем­ски жи­вот, не­кои од пр­во­е­рар­си­те на СПЦ ќе се раз­бу­дат.

Што се од­не­су­ва до бор­ба­та про­тив ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти, Ни­ко­лов­ски сме­та де­ка таа мо­ра да се ин­тен­зи­ви­ра на се­кое по­ле, но не са­мо на ре­ла­ци­ја­та Ср­би­ја-Ма­ке­до­ни­ја. Спо­ред не­го, од су­штин­ско зна­че­ње за ус­пех на таа бор­ба е ко­ор­ди­ни­ра­но­ста и за­ед­нич­ка ак­ци­ја на си­те зем­ји од ре­ги­о­нот.

Marjan-Nikolovski-analizaНиколовски: Таа бор­ба про­тив ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти не смее да пре­диз­ви­ка сом­неж, не­до­вер­ба, или, пак, ка­кви би­ло но­ви конф­ли­кти на Бал­ка­нот. Бал­ка­нот е на­ци­о­нал­но чув­стви­тел­но по­драч­је, а пре­ве­ни­ра­ње на опас­но­ста од ра­ди­кал­ни­от ис­лам е на­ци­о­нал­но пра­ша­ње за др­жа­ви­те од овој ре­ги­он. За си­те. Во таа бор­ба Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја мо­ра­ат да ги вклу­чат и Гр­ци­ја, Цр­на Го­ра, Ал­ба­ни­ја, Бос­на, Ко­со­во и Бу­га­ри­ја. Учес­тво на Хр­ват­ска, исто та­ка, е до­бре­дој­де­но. Нап­ли­вот на ра­ди­кал­ни фун­да­мен­та­ли­сти тре­ба да би­де се­ри­о­зен сиг­нал де­ка овие др­жа­ви мо­ра да ја про­ме­нат по­ли­ти­ка­та и од пар­ци­јал­ни со­ју­зи, да вле­зат во еден гло­ба­лен со­јуз про­тив нај­се­ри­оз­ни­от пре­диз­вик за ид­ни­на­та на Бал­ка­нот.

И Ѓор­ѓев­ски и Ни­ко­лов­ски се ап­со­лут­ни пе­си­ми­сти во од­нос на из­на­о­ѓа­ње­то ка­кво и да е ре­ше­ние во спо­рот ме­ѓу МПЦ и СПЦ. Пос­лед­ни­от чин на Ири­неј и не­го­ви­от Си­нод со не­бу­лоз­но­то су­де­ње за бо­жем­но и бес­мис­ле­но „рас­кол­ниш­тво“ на ма­ке­дон­ски­от ар­хи­е­пи­скоп г.г. Сте­фан, очиг­лед­но, це­лос­но ја за­ко­па оваа шан­са и ја ста­ви на ли­ста­та на не­воз­мож­ни ми­сии, ба­рем во оваа срп­ска цр­ков­на кон­сте­ла­ци­ја.

Branko-Gjorgjevski-analizaЃорѓевски: Чи­нот на „обезг­ла­ву­ва­ње­то“ на МПЦ е дел од при­лич­но вал­ка­на стра­те­ги­ја, ко­ја СПЦ се ре­ши да ја игра про­тив МПЦ отка­ко бе­ше соз­да­ден Јо­ван Вра­ни­шко­ски. Не­го­во­то прик­лу­чу­ва­ње кон СПЦ зна­че­ше де­ка срп­ска­та цр­ква се опре­де­ли да ги акти­ви­ра си­те сце­на­ри­ја про­тив МПЦ. Ова сце­на­рио го игра ве­ќе де­се­ти­на го­ди­ни и зна­е­ме до што до­ве­де. Вра­ни­шко­ски е во за­твор, не­го­ва­та ПОА не прив­ле­че ни­ту вер­ни­ци ни­ту све­штенс­тво и се­га им е са­мо жел­ба­та да го ос­ло­бо­дат за да по­ка­жат де­ка не го жр­тву­ва­ле ка­ко ма­ри­о­не­та. И нај­а­ве­но­то су­де­ње е са­мо дел од про­дол­жу­ва­ње­то на та­кви­те сце­на­ри­ја, чи­ја­што крај­на цел е МПЦ да се ста­ви под кон­тро­ла на СПЦ. По­ра­ди тоа јас сум кра­ен пе­си­мист де­ка во бли­ска ид­ни­на е мож­но ка­кво и да е доб­ли­жу­ва­ње до не­ка­ков ре­ше­ние на спо­рот.

Тој ве­ли де­ка, мо­же­би, би мо­же­ле да се слу­чат не­кои по­ме­сту­ва­ња до­кол­ку се нај­де ре­ше­ние за проб­ле­мот со име­то во спо­рот со Гр­ци­ја, но со ог­лед на тоа што ни се пред­ла­га и ту­ка е пе­си­мист де­ка е мож­но не­ка­кво по­ме­сту­ва­ње. Спо­ред Ѓор­ѓев­ски, проб­ле­мот со МПЦ е дла­бо­ко вса­ден во проб­ле­мот со приз­на­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет од стра­на на на­ши­те со­се­ди, а тоа е и су­шти­на­та на си­те проб­ле­ми за кои се во­дат си­те игри и сце­на­ри­ја.

Branko-Gjorgjevski-analizaЃорѓевски: По­ра­ди тоа, ме­не не ме пла­ши прет­стој­но­то „су­де­ње“ и „обезг­ла­ву­ва­ње“ на ар­хи­е­пи­ско­пот Сте­фан. Низ исто­ри­ја­та би­ле до­не­су­ва­ни нај­раз­лич­ни цр­ков­ни од­лу­ки, кои по­тоа се пов­ле­ку­ва­ле. Се пов­ле­ку­ва­ле и ана­те­ми­те, па зо­што да не се пов­ле­че ед­на од­лу­ка за рас­чи­ну­ва­ње од стра­на на СПЦ до­кол­ку се по­стиг­не не­ка­кво за­до­во­ли­тел­но ре­ше­ние. Проб­ле­мот е са­мо што, ка­ко во од­нос на име­то на др­жа­ва­та, та­ка и во од­нос на име­то и ста­ту­сот на на­ша­та цр­ква, ние и тие што нѐ ос­по­ру­ва­ат сѐ уште сме на да­леч­ни по­зи­ции од кои те­шко мо­же­ме да се доб­ли­жи­ме.

Marjan-Nikolovski-analizaНиколовски: За раз­ли­ка од не­кои лу­ѓе, кои се­бе­си се сме­та­ат за оп­ти­ми­сти и кои ве­ру­ва­ат во мо­мен­тот де­ка са­мо што не се ре­шил проб­ле­мот, ама за тоа тре­ба МПЦ да по­ка­же ко­о­пе­ра­тив­ност, јас сум од тие што за се­бе сме­та­ат де­ка се ре­а­ли­сти. на по­долг рок не­ма да има ре­ше­ние на спо­рот ме­ѓу МПЦ и СПЦ. При­чи­на­та е ед­но­став­на, кај го­лем дел од срп­ски­те вла­ди­ци не­ма ни­ту под­го­тве­ност, ни­ту, пак, хри­сти­јан­ска љу­бов за да се отка­жат од иде­ја­та де­ка ду­хов­но­то единс­тво на овој на­род со пра­вос­лав­ни­от свет тре­ба да би­де пре­ку „бе­ла­та па­на“ во Бел­град.

Од­лу­ка­та на Ири­неј Бу­ло­виќ да ини­ци­ра по­стап­ка за рас­чи­ну­ва­ње на ар­хи­е­пи­ско­пот Сте­фан е ток­му во таа на­со­ка, сме­та Ни­ко­лов­ски, кој во­ед­но гле­да мо­ти­ви­ра­ност и во нив­на­та на­ме­ра да се обезг­ла­ви МПЦ.

Marjan-Nikolovski-analizaНиколовски: Тоа зна­чи во мо­мен­тот, ако не­ко­гаш се нај­де ре­ше­ние за спо­рот, г.г Сте­фан не би мо­жел да би­де пог­ла­вар. Од­нос­но, ќе мо­ра да се из­би­ра нов пог­ла­вар, а не­го­ви­от из­бор, спо­ред жел­ба­та на Бу­ло­виќ, тре­ба да го бла­гос­ло­ви па­три­јар­хот во Бел­град. За жал, ма­ке­дон­ско­то цр­ков­но пра­ша­ње, ка­ко што се чи­ни, ќе се ре­ша­ва на гло­бал­но ни­во. Ка­ко до­го­вор ме­ѓу пра­вос­лав­ни­те цр­кви, но не на­ско­ро. Тоа ре­ше­ние се­ка­ко ќе зна­чи по­себ­ност на МПЦ, но ка­ко и во ко­ја фор­ма, под кои ус­ло­ви, те­шко е да се од­го­во­ри се­га.

 

Analiza107-Andreja-Bogdanovski

„Аналитика“ за реалноста на проблемот со исламистите

И до­де­ка Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја, ка­ко и це­ли­от Бал­кан, се оби­ду­ва­ат да се со­о­чат со ви­стин­ски­от проб­лем офор­мен во ис­ла­ми­сти­те, СПЦ и на­та­му ја рас­и­пу­ва ра­бо­та­та. За ре­ал­на­та опас­ност го­во­ри и нај­но­во­то истра­жу­ва­ње­то на ор­га­ни­за­ци­ја­та „Ана­ли­ти­ка“ на Ан­дре­ја Бог­да­нов­ски, кое из­не­су­ва по­да­то­ци за тоа кој, ка­ко и ка­де ги вр­бу­ва ра­ди­ка­ли­те, но, мо­же­би и по­важ­но, и за нив­но­то вли­ја­ние врз оп­штес­тво­то по вра­ќа­ње­то до­ма на овие „ку­чи­ња на вој­на­та“.

Та­му се на­ве­ду­ва де­ка тие што се бо­рат во ис­ла­ми­стич­ки­те вој­ни мо­жат да се сме­та­ат за без­бед­но­сен ри­зик од не­кол­ку при­чи­ни. Мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка има­ат пре­жи­ве­а­но пси­хо­ло­шка тра­у­ма по­вр­за­на со во­е­ни­те актив­но­сти што укaжу­ва на по­тре­ба­та за про­гра­ми за ре­ха­би­ли­та­ци­ја и за ре­ин­те­гра­ци­ја по нив­но­то вра­ќа­ње, но по­врат­ни­ци­те мо­жат да дејс­тву­ва­ат и ка­ко си­лен ме­ди­ум за ре­гру­та­ци­ја на дру­ги, кои се за­ин­те­ре­си­ра­ни за вклу­чу­ва­ње во вој­на. Тие има­ат до­би­е­но на­пред­ни бо­реч­ки и те­ро­ри­стич­ки ве­шти­ни, а дел од нив се вра­ќа­ат и со раз­лич­ни ек­стре­ми­стич­ки иде­о­ло­гии. Исто та­ка, мо­же­би и нај­важ­но,тие мо­жат да дејс­тву­ва­ат са­мо­стој­но, без по­тре­ба од вклу­чу­ва­ње во по­го­ле­ми те­ро­ри­стич­ки мре­жи и ќе­лии.

Спо­ред „Ана­ли­ти­ка“, си­те зем­ји од ре­ги­о­нот се вклу­че­ни во со­о­чу­ва­ње со пре­диз­ви­ци­те што до­а­ѓа­ат со стран­ски­те бор­ци, а осо­бе­но со тие од Си­ри­ја. За­ед­нич­ки е и из­бо­рот на мо­де­лот на кри­ми­на­ли­за­ци­ја ка­ко на ре­гру­ти­ра­ње­то, та­ка и на учес­тво­то во ту­ѓи во­е­ни конф­ли­кти. Иа­ко се од­не­су­ва на исто пра­ша­ње, прав­на­та рам­ка, ко­га ста­ну­ва збор за каз­ну­ва­ње и за дол­жи­на на за­твор­ски­те каз­ни, ва­ри­ра од зем­ја до зем­ја. На при­мер, ма­ке­дон­ски­от кри­ви­чен за­ко­ник про­пи­шу­ва нај­мал­ку че­ти­ри до пет го­ди­ни за­твор­ска каз­на, до­де­ка тој на Бос­на и Хер­це­го­ви­на е ме­ѓу ед­на и 10 го­ди­ни. Во слу­ча­јот со Ал­ба­ни­ја, тие до­бро­вол­ци што учес­тву­ва­ат во ва­кви во­е­ни конф­ли­кти се со­о­чу­ва­ат со каз­на за­твор во вре­ме­тра­е­ње до 10 го­ди­ни. Ко­сов­ци­те се нај­ри­го­роз­ни со каз­ни од 15 го­ди­ни за­твор.

Ин­те­рес­на ана­ли­за, ве­лат од „Ана­ли­ти­ка“, мо­же да се на­пра­ви и спо­ред сте­пе­нот на по­све­те­ност по пра­ша­ње­то за со­о­чу­ва­ње со по­врат­ни­ци­те и со тие што ре­гру­ти­ра­ат на ре­ги­о­нал­но ни­во. Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во се по­со­чу­ва­ат ка­ко „шам­пи­о­ни“, нив­ни­те по­ли­ции, јав­ни об­ви­ни­телс­тва, а и раз­уз­на­вач­ки­те служ­би ини­ци­раа мно­гу број­ни ак­ции про­тив гру­пи што беа по­со­че­ни де­ка ре­гру­ти­ра­ат Ал­бан­ци и Ко­сов­ци за бор­би во Си­ри­ја.

По­сто­јат мно­гу­број­ни при­ме­ри за пре­вен­тив­ни актив­но­сти и про­гра­ми за ре­ин­те­гра­ции во зем­ји­те од ЕУ, но, за жал, ни­ту ед­на во на­шиoт ре­ги­он. При­чи­на за ва­ква­та си­ту­а­ци­ја мо­же да се нај­де во тра­ди­ци­о­нал­но за­тво­ре­ни­от без­бед­но­сен се­ктор, осо­бе­но кон гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво, не­ма­ње­то фи­нан­си­ски средс­тва, но, исто та­ка, и сла­би­от ка­па­ци­тет на гра­ѓан­ски­от се­ктор во од­нос на ова пра­ша­ње. Во зак­лу­чо­ци­те на истра­жу­ва­ње­то, „Ана­ли­ти­ка“ се по­ви­ку­ва на по­тре­ба од про­гра­ми што уште по­ве­ќе би ја зго­ле­ми­ле вер­ба­та во по­ли­ци­ја­та. Ту­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се пот­пре на искус­тва­та од мо­де­лот на вклу­чу­ва­ње на по­ли­ци­ја­та и на за­ед­ни­ца­та (community policing), кој е со мул­ти­кул­ту­рен ка­ра­ктер. Ме­ѓу­на­род­ни­те парт­не­ри, пак, мо­же да по­мог­нат во пре­не­су­ва­ње искус­тва и пр­вич­на фи­нан­си­ска под­др­шка за раз­вој и за спро­ве­ду­ва­ње на овие про­гра­ми.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 107. број на неделникот „Република“, 19.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top