
Пензијата за септември 2015 година ќе биде поголема за пет отсто. Пензионерите во месец октомври наредната година ќе добијат повисока септемвриска пензија. Овие средства според премиерот Никола Груевски се предвидени во Буџетот за наредната година. Според Груевски, кој денеска даде отчет по 100 дена работа на неговиот кабинет, предвидено е и зголемување на социјалната помош за пет отсто. Покачувањето ќе го добијат со јунската помош која ќе ја примаат во јули.
-Наспроти одлуките на останатите влади, оваа Влада, посочи Груевски донесе одлука за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош.
Останува и ветувањето дека платите и пензиите оваа година ќе се зголемат за 4 отсто.
Иако во многу земји Владите прават одлуки спротивни на нашата,рече Груевски, ние донесовме одлука и предвидвме средства во буџетот за зголемување на платите на администрацијата за 4 проценти, започнувајќи од октомвриската плата која се исплаќа во ноември.
„Проекти реализиравме и во социјлната политика. Започнавме во реализација на Отпис на долгови, во моментов сме до втората фаза, во која граѓаните аплицираат за отпис. За социјлано загрозените семејства донесовме одлука елаборатите за легализација да им бидат бесплатни, тие се ослободени и од плаќање на радиодифузна такса. Продолжуваме и проектот за бесплатен одмор на 2.000 деца од социјалните категории, воведовме намалување на каматната стапака за проектот Купи куќа, купа стан. За студентите започнавме со реализација на проектот Слободен четврток, а воведен е и бесплатен железнички превоз. Отворен е новиот современ театар во Велес, а за безбедноста воведовме и неколку нови проекти меѓу кои мобилни полициски станици, сообраќајна контрола преку интернет, како и новата камапања за безбедност во сообраќајот. Во рамките на локалната самоуправа наскоро ќе имаме и нова индустриска зона во Вардарскиот регион“, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да знаат како да ги потрошат: Пензиите повисоки за 1,8 отсто!
-
Ветуваше поголеми плати и пензии, Заев сега вели нема да има нивно зголемување
-
Во април ќе се усогласуваат пензиите согласно трошоците на живот
-
Цел месец им се заканувал на вработените дека ќе ги убие бидејќи му ја укинале социјалната помош


