| четврток, 6 декември 2018 |

Собрани над 725 илјади денари за Детската клиника на хуманитарен пикник на „Алкалоид“

Alkoloid druzba (6) (Large)

Повеќе од 725 илјади денари се собрани денеска на традиционалниот хуманитарен пикник, кој четврта година по ред го организира Фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје. Средствата ќе бидат донирани за опремување на Одделот за неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести при Кличничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Генералниот директор на „Алкалоид“ и претседател на Управниот одбор на компанијата Живко Мукаетов во обраќањето пред присутните рече дека вработените во „Алкалоид“, како и членовите на нивните семејства ја покажале и оваа година нивната хуманост преку донирање по 200 денари за маичка преку фондацијата „Трајче Мукаетов“.

– Се надеваме дека ќе придонесеме барем малку да им овозможиме подобри услови на дечињата кои таму го почнуваат својот живот и кои треба да се развиваат на еден вистински начин, истакна Мукаетов и им се заблагодари на вработените во „Алкалоид“, како и на членовите на нивните семејства кои и овојпат ја покажаа својата хуманост.

Додаде дека како компанија ќе покажат дека се општествено одговорни и со наредни хуманитарни акции ќе се потрудат да помагаат и да придонесат секаде каде што можат.

Во септември минатата година вработените во „Алкалоид“, како и членвоите на нивните семејства ја покажаа хуманоста на дело со донација од над 580 илјади денари собрани во рамки на третиот хуманитарен пикник. Тие средства беа донирани за новороденчињата на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Фото: А.Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top