
Министерството за образование и наука (МОН) го повика СОНК утре на средба за надминување на несогласувањата во пресрет на најавениот штрајк на оваа синдикална организација.
– Согласно повиците на СОНК во изминатите неколку денови за продолжување на разговорите во рамки социјалниот дијалог, Министерството за образование и наука го повикува на средба раководството на синдикалната организација, во недела во 11:00 часот во просториите на Министерството, се наведува во соопштението од МОН.
Министерството воедно информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за четири отсто, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.
Министерството прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето, се вели во соопштението од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СОНК најавува генерален штрајк во градинките доколку не се исполнат барањата на вработените – Царовска на потег!
-
Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта
-
СОНК бара решавање на состојбата со непродолжените договори на вработени во градинките
-
На вработени во градинки и училишта не им се продолжува договорот за работа – реагира СОНК


