| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерски предизвици: Тешките денови никогаш не завршуваат

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Во свет­ска­та по­ли­ти­ка, ка­ко и во дру­ги об­ла­сти од жи­во­тот, ва­жи пра­ви­ло­то де­ка е по­лес­но да се дој­де до не­ко­ја по­зи­ци­ја откол­ку таа да се за­др­жи. До­се­га Ни­ко­ла Гру­ев­ски со лес­но­ти­ја ус­пе­ва­ше ка­ко ли­дер на пар­ти­ја да по­бе­ди на че­ти­ри пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, а не­го­ви­те со­пар­тиј­ци или кан­ди­да­ти пред­ло­же­ни од пар­ти­ја­та што ја во­ди по­бе­ди­ја убед­ли­во на уште три ло­кал­ни и две пре­тсе­да­тел­ски со­о­чу­ва­ња. До ко­га Гру­ев­ски ќе мо­же да ја за­др­жи оваа по­бед­нич­ка се­ри­ја, од­нос­но кои се пре­диз­ви­ци­те што ќе мо­ра да ги над­ми­не за да оста­не на власт?

Тоа што е нај­важ­но, нас­про­ти твр­де­ње­то на опо­зи­ци­ја­та де­ка ја раз­о­рил зем­ја­та, е де­ка Ни­ко­ла Гру­ев­ски спо­ред си­те ана­ли­зи во пос­лед­на­та де­це­ни­ја и пол не на­пра­вил стра­те­ги­ски гре­шки од ти­пот на приз­на­ва­ње на Тај­ван или од­би­ва­ње на вле­зот на „Ау­ди“, кои мо­жеа да ја чи­нат Ма­ке­до­ни­ја мно­гу. На­про­тив, со мно­гу чув­ство и на вни­ма­те­лен на­чин, кој не до­не­се го­ле­ми по­тре­си, беа до­не­се­ни те­шки, но праг­ма­тич­ни од­лу­ки, ка­ко приз­на­ва­ње­то на Ко­со­во, кои иа­ко беа ло­шо при­фа­те­ни кај дел од јав­но­ста, ја за­јак­наа ма­ке­дон­ска­та по­вр­за­ност со САД на долг рок и ја ста­би­ли­зи­ра зем­ја­та од­на­тре. Из­вес­но е де­ка во ско­ра ид­ни­на, со иск­лу­чок на пра­ша­ње­то за име­то и меѓуетничките односи кои што секогаш се на врвот на листата на присутни закани, др­жа­ва­та не­ма да би­де ста­ве­на во си­ту­а­ци­ја да до­не­су­ва те­шки од­лу­ки, ка­ко, на при­мер, за влез на 360 ил­ја­ди бе­гал­ци во 1999 го­ди­на, но, се­пак, пред вла­да­та што ја пред­во­ди Гру­ев­ски ќе има те­шки пре­диз­ви­ци. Покрај споменатото прашање за името каде што може да се очекуваат сериозни притисоци и евентуалната ескалација на тензиите поврзани со албанскиот фактор во земјава , при­фа­ќа­ње на ба­ра­ње­то за ем­бар­го кон Ру­си­ја од САД и од ЕУ мо­же да би­де ед­но од нив, но тоа, се­ка­ко, би би­ло со да­ле­ку по­ма­ли пос­ле­ди­ци од пот­пи­шу­ва­ње­то на Рам­ков­ни­от до­го­вор со кој за­вр­ши еден ме­ѓу­ет­нич­ки конф­ликт. Пре­диз­ви­ци­те на Гру­ев­ски ќе би­дат од по­и­на­ков тип во за­вис­ност од тоа ка­ко се од­ви­ва си­ту­а­ци­ја­та во зем­ја­ва, ре­ги­о­нов и гло­бал­но.

Без сло­бод­ни из­бо­ри се вла­дее со де­це­нии

На ли­ста­та на свет­ски ли­де­ри во зем­ји ка­де што нај­ви­со­ки­те др­жав­ни функ­ции не се до­би­ва­ат на сло­бод­ни из­бо­ри има ли­де­ри што вла­де­ат со де­це­нии. Сул­та­нот од Бру­неи, Ха­са­нал Бол­ки­ах, вла­дее од 1967 го­ди­на, оман­ски­от сул­тан Ка­бос бин Са­ид ал Са­ид од 1970, пре­тсе­да­те­лот на Ан­го­ла, Жо­зе Еду­ар­до дос Сан­тос од 1979 го­ди­на, ше­фот на ка­ме­рун­ска­та др­жа­ва Пол Би­ја од 1982, кра­лот на Сва­зи­ленд, Мсва­ти од 1986 го­ди­на, пре­тсе­да­те­лот на Бур­ки­на Фа­со, Блес Кам­па­ор, од 1987 и до­бро поз­на­ти­от Ро­берт Му­га­бе, пре­тсе­да­тел на Зим­баб­ве, од иста­та го­ди­на. На пр­во­то ме­сто на веч­на­та ли­ста на ли­де­ри што нај­дол­го вла­де­е­ле убед­ли­во со 52 го­ди­ни на власт е по­ра­неш­ни­от ку­бан­ски пре­тсе­да­тел Фи­дел Ка­стро, кој вла­де­ел од 1959 до 2011 го­ди­на, ко­га бе­ше за­ме­нет од сво­јот брат Ра­ул.

 

Пр­ва­та вна­треш­на за­ка­на за вла­де­е­ње­то на Гру­ев­ски е та­ка­на­ре­че­ни­от „за­мор на ма­те­ри­ја­лот“, од­нос­но за­си­те­но­ста од на­пор­на ра­бо­та кај го­лем дел од не­го­ви­от тим, од најб­ли­ски­те со­ра­бот­ни­ци и ми­ни­стри, па сѐ до ло­кал­ни­те со­вет­ни­ци во оп­шти­ни­те. По осум го­ди­ни отка­ко ВМРО- ДПМНЕ е на власт дел од лу­ѓе­то што до­се­га ус­пе­ваа да спро­ве­дат огро­мен број од ве­те­ни­те про­е­кти на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја се пре­мо­ре­ни од спро­ве­ду­ва­ње на за­да­чи­те што са­мо мал дел са­ми­те си ги за­да­ваа, а оста­на­ти­те , глав­но, беа на ба­ра­ње на гра­ѓа­ни­те, ми­ни­стри­те или на ка­би­не­тот на пре­ми­е­рот.

Де­лум­но, таа си­ту­а­ци­ја се над­ми­нува со јав­ни­те кон­кур­си за сто­ти­ци др­жав­ни функ­ции пре­ку кои из­врш­на­та власт мо­же да дој­де до ин­фор­ма­ции за ква­ли­тет­ни лу­ѓе што прет­ход­но не би­ле во мож­ност да ги по­ка­жат сво­и­те ве­шти­ни пред премиерот , вла­ди­ни­те ви­це­пре­ми­е­ри и ми­ни­стри. Во само два наврати во таканаречениот „Нов бран“ во кој беа назначени над  260 раководни места во администрацијата и во актуелните промени со кои се именуваат околу нови 400 луѓе на државни функции Груевски и неговите соработници ја вметнаа енергијата која што е неопходна за раздвижување во политички системи кои што функционират подолго време и кои што се склони на летаргија. Со јав­ни­те кон­кур­си секако се по­пол­нат са­мо по­ни­ски­те и, пред сѐ, тех­нич­ки ра­ко­вод­ни по­зи­ции во вто­ри­от или во тре­ти­от еша­лон. Пре­ку кон­кур­си, ба­рем во пр­ви­те две-три го­ди­ни, не мо­же да се за­ме­нат де­се­ти­на­та пр­ви лу­ѓе во пре­ми­ер­ско­то оп­кру­жу­ва­ње за кои е при­род­но да би­дат со поголема мотивација од останатите.

ВМРО – ДПМНЕ закана сама за себе

За жал, македонската опозиција е најмала закана по владеењето на Груевски. Со својот рејтинг но пред се со генералниот впечаток кој што го остава пред граѓаните СДСМ и другите партии од опозициониот блок во најмалку две – три години не може да биде закана за ВМРО – ДПМНЕ. Всушност најголемата закана за владеачката партија е самата партија односно деловите од неа кои што по старата добра традиција сакаат да уценуваат во нејзино име или пак по секоја цена инсистираат да заработат на фактот што тие се дел од партија што владее 8 години со можност таа состојба да продолжи уште најмалку 3,5 години. Најголемиот противник на премиерот во тој контекст не е ниту Заев ниту Шекеринска туку самозадоволните локални команданти кои во име на премиерот ветуват вработувања, тендери и вработувања.

Не­кои од нив, ка­ко ви­це­пре­ми­е­рот и ми­ни­стер за фи­нан­сии Зо­ран Ста­вре­ски или ми­ни­стер­ка­та за вна­треш­ни ра­бо­ти Гор­да­на Јан­ку­лов­ска, се на иста­та по­зи­ци­ја од 2006 го­ди­на, а прет­ход­но уште 3-4 го­ди­ни би­ле дел од опо­зи­ци­ско­то дејс­тву­ва­ње на се­га вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. За странците особено е интересен принципот според кој Груевски прво како советници во кабинетот прима претежно млади и добро образовани луѓе кои што откако ќе се навикнат на неговиот ритам на работа добиваат важни позиции во државната администрација. Свесен дека без промени и во кадровска и во политичка смисла може да запрат проектите кои што ги ветува на секои избори Груевски е во постојана промена, доколку има потреба покрај законите за извонредно краток рок се менуваат и луѓето а неретко идеи кои што воопшто не биле дел од партиската или владината програма добиваат приоритет ако имаат влијание на животот на граѓаните. За Груевски се врзува уште една појава која што е различна од практиката на сегашната опозиција каде голем број од поранешните пратеници, директори па дури и заменици министри останаа без извори на приход. За разлика од нив бројот на луѓе кои што биле дел од неговата екипа а кој Груевски ги оставил без поддршка е рамен на нула, што дополнително ги мотивира соработниците.

gruevski izjava po presudata vohag_10

Од изјавата по пресудата во Хаг

Са­ми­от пре­ми­ер 15 го­ди­ни, ако се зе­мат пред­вид и не­го­ви­те по­зи­ции ка­ко ми­ни­стер за тр­го­ви­ја и по­доц­на за фи­нан­сии, ми­ну­ва низ сци­ли­те и ха­риб­ди­те на бур­на­та ма­ке­дон­ска по­ли­тич­ка сце­на ко­ја е ис­пол­не­та со по­зи­тив­ни, но и со нап­на­ти, стрес­ни и не­га­тив­ни си­ту­а­ции кои, ка­ко и кај се­кој чо­век, оста­ва­ат пос­ле­ди­ци. До­се­га Груевски не по­ка­жал зна­ци на за­мор, ду­ри, за раз­ли­ка од по­го­лем број дру­ги ма­ке­дон­ски по­ли­ти­ча­ри, не­ма до­би­е­но и до­пол­ни­тел­ни ки­ло­гра­ми што упа­ту­ва на здрав жи­вот и дис­цип­ли­на, кои со го­ди­ни му овоз­мо­жу­ва­ат да др­жи иста бр­зи­на, па и да го зго­ле­ми тем­по­то при прет­ста­ву­ва­ње на вла­ди­ни­те про­е­кти, и тоа не са­мо за вре­ме на из­бо­ри ту­ку за це­ло вре­ме на „перманентната кам­па­ња“ што со го­ди­ни ја во­ди ВМРО-ДПМНЕ.

Се­ка­ко, не­го­ва­та дис­цип­ли­на и таа на не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци не мо­же да би­де иста со дис­цип­ли­на­та кај лу­ѓе­то од вто­ри­от или од тре­ти­от еша­лон, кои не се тол­ку на удар на јав­но­ста ка­ко ми­ни­стри­те и кои, ка­ко и во се­ко­ја по­го­ле­ма ор­га­ни­за­ци­ја, по­лес­но гу­бат нер­ви ко­га тре­ба да се со­о­чат со ба­ра­ња­та на гра­ѓа­ни­те, не мо­жат да ја скри­јат сопс­тве­на­та над­ме­ност и моќ со ко­ја не­ре­тко рас­по­ла­га­ат, а мно­гу че­сто па­ѓа­ат и во зам­ка­та на ко­руп­ци­ја­та. Тие лу­ѓе, всуш­ност, се нај­о­пас­ни­те пре­диз­ви­ци за Гру­ев­ски, чи­нов­ни­ци од ви­сок или сре­ден ранг кои не мо­жат да ги ре­шат лич­ни­те проб­ле­ми со др­жав­на­та пла­та, а кои се свес­ни де­ка об­је­ктив­но не мо­жат да дој­дат на ви­со­ка функ­ци­ја по­ра­ди лич­ни­те ква­ли­те­ти, ко­му­ни­ка­ци­ски ве­шти­ни или обра­зо­ва­ни­е­то.

Ко­руп­ци­ја­та е ед­на од те­ми­те на кои оваа вла­да ра­бо­те­ше актив­но и, ако се су­ди спо­ред јав­ни­те про­це­си, има по­зи­ти­вен че­кор на­пред осо­бе­но со про­це­си­те ка­ко „Кал­др­ма“ и „Ме­та­ста­за“. Ни­за­та про­це­си и ап­се­ња во кои на­стра­даа и ад­ми­ни­стра­тив­ци и при­пад­ни­ци на ВМРО-ДПМНЕ ис­пра­ти­ја по­ра­ка де­ка ко­руп­ци­ја­та е не­при­фат­ли­ва, но та­кви про­це­си ве­ќе не­ма и ре­тко кој ве­ру­ва де­ка ко­руп­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја е иско­ре­не­та со ма­сов­ни­те ап­се­ња и со ре­фор­ми­те пред не­кол­ку го­ди­ни. Та­кво не­што не се слу­чи­ло во ни­ед­на зем­ја-член­ка на ЕУ и не­ма ни да се слу­чи. Не по­пу­сто се ве­ли де­ка ко­руп­ци­ја ќе има до­де­ка има ја­вен бу­џет.

Вто­ри­от го­лем пре­диз­вик на кој мо­же да пад­не реј­тин­гот на Гру­ев­ски, а со тоа и вла­ста, е жел­ба­та на го­лем број од гра­ѓа­ни­те да за­ми­нат од зем­ја­ва. Иа­ко на ан­ке­ти­те не мо­же се­ко­гаш да им се ве­ру­ва, и лич­на ан­ке­та ме­ѓу најб­ли­ски­те лу­ѓе ќе ви по­ка­же де­ка го­лем дел од мла­ди­те лу­ѓе има­ат жел­ба да нај­дат ра­бо­та во странс­тво , а го­лем дел од нив и ус­пе­ва­ат во тоа. Трен­дот кој од Ро­ма­ни­ја од­не­се 4 ми­ли­о­ни лу­ѓе или ед­на ше­сти­на од на­се­ле­ни­е­то во ЕУ, а од Бу­га­ри­ја 1,5 ми­ли­он или ед­на пет­ти­на од Бу­га­ри­те, не мо­же да ја од­ми­не ни­ту Ма­ке­до­ни­ја. Око­лу 50   ми­ли­о­ни лу­ѓе во Европ­ска­та уни­ја или ре­чи­си 10 про­цен­ти од жи­те­ли­те во зем­ји­те-член­ки не се ро­де­ни во др­жа­ва­та ка­де што жи­ве­ат. Но, за раз­ли­ка од Гер­ма­ни­ја, ко­ја има 80 ми­ли­о­ни жи­те­ли и со де­це­нии ја одр­жу­ва еко­но­ми­ја­та на ви­со­ко ни­во со по­мош на спе­ци­јал­на ми­гра­ци­ска по­ли­ти­ка, во Ма­ке­до­ни­ја без со­од­вет­на де­мо­гра­фи­ја не мо­же да има до­бра економија. Иа­ко вла­да­та на Гру­ев­ски во 2006 го­ди­на бе­ше пр­ва­та што не са­мо што јав­но про­го­во­ри за бе­ла­та чу­ма ту­ку и пре­зе­де ни­за мер­ки, овој проб­лем, за­ед­но со за­си­ле­на­та еми­гра­ци­ја, ед­но­став­но мо­ра да се ре­ши ако са­ка­ме дол­го­роч­на ста­бил­на др­жа­ва.

Кој од акту­ел­ни­те де­мо­крат­ски из­бра­ни свет­ски ли­де­ри вла­дее нај­дол­го?

Од акту­ел­ни­те свет­ски ли­де­ри по­дол­го на власт од Ни­ко­ла Гру­ев­ски се де­се­ти­на пре­тсе­да­те­ли и пре­ми­е­ри или лу­ѓе што ги вр­ше­ле и две­те функ­ции. Ме­ѓу нив, нај­поз­нат е се­гаш­ни­от тур­ски пре­ми­ер Ре­џеп Та­ип Ер­до­ган, кој од август е пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Од 2003 го­ди­на е на власт и цр­но­гор­ски­от пре­тсе­да­тел Фи­лип Ву­ја­но­виќ. Од 2004 го­ди­на на че­ло на Ав­стри­ја е фе­де­рал­ни­от пре­тсе­да­тел Хајнц Фи­шер, ка­ко и ро­ман­ски­от пре­тсе­да­тел Тра­јан Ба­ше­ску. Од 2005 го­ди­на се пре­тсе­да­те­ли Мах­муд Абас, пр­ви­от чо­век на па­ле­стин­ска­та др­жа­ва, и Ка­ро­лос Па­пу­љас, кој ќе би­де пре­тсе­да­тел на Гр­ци­ја до март ид­на­та го­ди­на. На ли­ста­та на тие што нај­дол­го вла­де­ат има и двај­ца пре­ми­е­ри – нај­моќ­на­та же­на на све­тот, гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел и неј­зи­ни­от ка­над­ски ко­ле­га Сти­вен Хар­пер. Во 2006 за­ед­но со Гру­ев­ски на власт дош­ле и не­кол­ку европ­ски пре­ми­е­ри: фе­де­рал­ни­от кан­це­лар на Швај­ца­ри­ја До­рис Ле­ут­хард, пре­ми­е­рот на швед­ска­та вла­да Фре­де­рик Ре­ин­фелд, пре­тсе­да­те­лот на Есто­ни­ја, То­мас Хен­дрик Ил­вес, ка­ко и ер­мен­ски­от пре­ми­ер Серж Сар­гси­јан. Ед­на го­ди­на по­доц­на пре­ми­ер ста­нал пол­ски­от пре­тсе­да­тел на вла­да­та, До­налд Туск, кој од де­кем­ври ќе би­де прв чо­век на Европ­ски­от со­вет, а од 2008 го­ди­на на че­ло на ко­сов­ска­та вла­да е Ха­шим Та­чи. Во 2009 го­ди­на на власт за­ед­но со ше­фот на др­жа­ва­та Ѓор­ге Ива­нов дој­доа аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Ба­рак Оба­ма и изра­ел­ски­от пре­ми­ер Бен­џа­мин Не­тан­ја­ху. Ме­ѓу свет­ски­те ли­де­ри што оста­на­ле нај­дол­го на власт во де­мо­крат­ски зем­ји во пос­лед­ни­ве два ве­ка се двај­ца бри­тан­ски пре­ми­е­ри, Мар­га­рет Та­чер и То­ни Блер. Пр­ва­та на че­ло на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја бе­ше 11,5 го­ди­ни, а То­ни Блер со 10 го­ди­ни и три из­бор­ни по­бе­ди вле­зе во исто­ри­ја­та ка­ко ла­бу­рист со нај­долг стаж во Да­у­нинг стрит 10.

Не­ли­не­ар­но­то раз­мис­лу­ва­ње на Гру­ев­ски и на не­го­ва­та еки­па нај­до­бро се по­ка­жа уште во пр­ви­те две го­ди­ни по до­а­ѓа­ње­то на власт ко­га беа вра­те­ни го­лем дел од кре­ди­ти­те за да се до­би­јат по­до­бри ус­ло­ви за све­жи па­ри од свет­ски­те фи­нан­си­ски па­за­ри. Во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни, и по­крај го­лем број опо­зи­ци­ски кри­ти­ча­ри што прог­но­зи­раа рас­пад на фи­нан­си­ски­от си­стем во зем­ја­ва, Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште е на без­бед­на по­зи­ци­ја спо­ред ни­во­то на за­дол­же­ност. Иа­ко вла­да­та до­се­га по­ка­жа де­ка знае ка­ко да се спра­ви со опас­но­ста од ко­ја ед­вај се спа­си­ја член­ки на ЕУ, ка­ко Гр­ци­ја, Ир­ска, Шпа­ни­ја и Пор­ту­га­ли­ја, из­вес­но е де­ка без со­од­вет­ни мер­ки што ќе вклу­чу­ва­ат не­по­пу­лар­ни че­ко­ри и за гра­ѓа­ни­те, Ма­ке­до­ни­ја лес­но мо­же да би­де вов­ле­че­на во проб­ле­ми кои јуж­ни­от со­сед го до­не­соа на ра­бот на бан­крот.  Тоа пред се ќе зависи од економската состојба во земјите главни надворешно трговски партнери како Германија која се соочува со рецесија. До­се­гаш­на­та пра­кти­ка во све­тот во та­кви си­ту­а­ции по­ка­жу­ва, освен во Гр­ци­ја ка­де што дел од тие што учес­тву­ваа во фи­нан­си­ски­от ко­лапс се­га се чу­ва­ат ка­ко кап­ка во­да на длан­ка, де­ка нај­че­сто е не­воз­мож­но да се вла­дее ако не­ма­те ста­би­лен фи­нан­си­ски си­стем во кој дол­гот на др­жа­ва­та кон стран­ски­те кре­ди­то­ри и вна­треш­ни парт­не­ри е ре­дов­но сер­ви­си­ран и тоа не е на ште­та на гра­ѓа­ни­те.

Ка­ко и се­ко­ја вла­да, и акту­ел­на­та ма­ке­дон­ска вла­да има ил­јад­ни­ци пре­диз­ви­ци што мо­ра да ги ме­на­џи­ра и за­тоа е ло­гич­но што во оваа при­го­да не мо­жат да се до­прат ни­ту ед­на шес­на­е­се­ти­на од проб­ле­ми­те што се на­о­ѓа­ат на дне­вен ред на Илин­ден­ска и во дру­ги­те ин­сти­ту­ции. Тоа што мо­ра да се истак­не е но­ви­от пре­диз­вик, кој се по­ја­ви пред ре­чи­си две го­ди­ни и е по­вр­зан со по­врат­ни­ци­те од Си­ри­ја и од Ирак за кои збо­ру­ва­ат и Ан­ге­ла Мер­кел, и Еди Ра­ма, и Ми­ло Ѓу­ка­но­виќ, и Але­ксан­дар Ву­чиќ, а е ви­со­ко и на аген­да­та на ЕУ и на НА­ТО. Спе­ци­фич­на­та си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што ве­ков­на­та ме­ѓу­вер­ска и ме­ѓу­ет­нич­ка то­ле­ран­ци­ја мо­же да се рас­пад­не ка­ко ку­ла од кар­ти до­кол­ку не­ма со­од­вет­на по­ли­ти­ка и мер­ки за лу­ѓе­то што се­чат гла­ви пред ка­ме­ри, ука­жу­ва на по­тре­ба­та од по­диг­ну­ва­ње на овој проб­лем на ни­во на вр­вен при­о­ри­тет во вла­ди­на­та аген­да. До­вол­на е са­мо ед­на бом­ба во полн авто­бус од град­ски­от пре­воз акти­ви­ра­на од по­врат­ник со пост­тра­у­мат­ски стрес, за си­те на­по­ри за до­не­су­ва­ње стран­ски ин­ве­сти­ции да пад­нат во во­да. Са­мо еден фа­на­тик мо­же да би­де фа­та­лен за сли­ка­та на зем­ја­та и дол­го­роч­но да нѐ от­стра­ни од ли­ста­та на атра­ктив­ни ту­ри­стич­ки де­сти­на­ции на гло­бал­на­та ма­па. Да­ли по­тоа ќе вла­дее Гру­ев­ски или не­кој друг во­оп­што не е важ­но, пос­ле­ди­ци­те ќе би­дат ка­та­стро­фал­ни за си­те гра­ѓа­ни.

Странците немаат проблем да украдат македонски искуства

Иако дел од лидерите на соседите и јавно признаваат дека преземаат идеи на Груевски како што тоа во ТВ изјава го кажа српскиот премиер Александар Вучиќ поголем дел молчешкум како свои ги претставуваат од Македонија украдените идеи најчесто од економската област. Додека во политиката особено во билатералните прашања може да не напаѓаат или дури јавно да лобираат против земјата во економијата не се срамат да ги искористат македонските мерки кои што донесле резултат. Во битката за регионално лидерство се користат сите методи па дури и директно препишување на владини мерки кои што ги вовел Груевски. Вучиќ не крие дека од Груевски ги презел Мерките за евтини субвенционирани кредити со ниска камата за фирмите, субвенциите за вработување, подобрување на деловниот амбиент во земјата. Хрватскиот Министер за Финансии не призна дека работи по урнекот на својот колега Ставревски но очигледно е дека воведувањето на систем  за простување на долговите кон банките и телекоминукациските компании за околу 140.000 најсиромашни Хрвати е идентичен со Македонскиот. Дури и најлутиот политички непријател на Груевски , грчкиот колега Караманлис нема проблем да искористи негови идеи па така тој даде зелено светло за преговори со Европската комисија која треба да дозволи отворање специјални економски зони, кои треба да привлечат инвеститори по истиот урнек како во Македонија а притоа и даноците треба да се намалат на 10 %  исто како во земјава.

 

(Текст објавен во 107. број на неделникот Република, 19.09.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top