| четврток, 6 декември 2018 |

Шест британски воени авиони на Кипар подготвени за операција против ИД во Ирак

tornado-fighter-l

Шест британски авиони-ловци „Торнадо“ во базата Акротири на Кипар се подготвени да почнат операции во Ирак против позициите на Исламска држава.

Британските авиони се подготвени откако вчера британскиот Парламент одобри напади врз позициите на ИД во Ирак.

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулис изјави дека Никозија е во постојан контакт со британската Влада поради воздушните напади.

– Ние сме за елиминирање на таа закана и учествуваме во меѓународната коалиција против тероризмот, истакна Христодулис, додавајќи оти Никозија ќе биде информирана пред почетокот на операцијата против ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top