| четврток, 6 декември 2018 |

За 100 работни места во ЕУ конкурирале 4.000 Хрвати

Конкурсите биле за најниските почетни позиции за лица со факултет (степен АД5) на местата преведувачи, правни лингвисти и околу 100 места за асистенти

Euro
Повеќе од 4.000 Хрвати се јавиле на последниот конкурс за 100 работни места во институциите на Европската унија. Во натамошната фаза влегле повеќе од 300, од кои 140 ќе бидат ставени на т.н. резервна листа.

Унијата секоја година има конкурси кои се наменети за сите државјани на ЕУ.

Хрватска е единствената држава за која ЕУ и натаму применува  национални квоти за вработување затоа што треба да се подготвува за членство. Работните места се главно врзани за познавање на хрватскиот јазик и ЕУ ќе вработи 249 Хрвати.

За сите останати работни места не важат квотите, што наидува на реакција кај постарите членки на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top