Живана Станковиќ е 27-годишната мајка чии три деца завчера изгореа во картонската куќарка на Нов Белград. Откако избил пожарот во малото импровизирано куќиче, таа со најмалото чедо, Милутин успеала да излезе.
-Ги слушав како врескаат, моите деца викаа од пламенот. Стоев напред и го држев Милутин во раце. Срцето ми се кинеше, но огнот беше толку јак што не можев да се приближам! – изјавила Живана за српски Курир, по што е уапсена и сместена во притвор од 30 дена.
Во пожарот в четвртокот по полноќ изгореа нејзините три деца Миленко (9), Анѓелка (5) и Сања (3).
Пожарот најверојатно е предизвикан од свеќа која мајката ја оставила да гори во текот на ноќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст