| четврток, 6 декември 2018 |

Само 20 македонски државјани се членови на Исламската држава

Аме­ри­кан­ска­та Цен­трал­на раз­уз­на­вач­ка служ­ба (ЦИА) пред де­се­ти­на де­на об­ја­ви но­ва про­це­на за бро­јот на ис­лам­ски фун­да­мен­та­ли­стич­ки бор­ци на Ис­лам­ска­та др­жа­ва. Иа­ко спо­ред офи­ци­јал­но об­ја­ве­ни­те про­це­ни во мај оваа го­ди­на оваа во­о­ру­же­на фор­ма­ци­ја не­ма­ше по­ве­ќе од 10.000 актив­ни чле­но­ви, се­га тој број по­рас­нал за три­па­ти. Ме­ѓу 20.000 и 31.500 мус­ли­ман­ски ми­ли­тан­ти се бо­рат за Ис­лам­ска­та др­жа­ва овие де­но­ви. ЦИА твр­ди де­ка нај­мал­ку по­ло­ви­на од овој број му­џа­хе­ди­ни до­а­ѓа­ат од дру­ги зем­ји. Спо­ред офи­ци­јал­ни­те про­це­ни на за­пад­ни­те служ­би и ор­га­ни­за­ции, са­мо 20 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни се бо­рат во Си­ри­ја и во Ирак

Protest in Baghdad

Спо­ред Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за сту­дии за ра­ди­ка­ли­зам и по­ли­тич­ко на­силс­тво, кој на­пра­ви ана­ли­за во со­ра­бо­тка со фран­цу­ско­то Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти, ав­стри­ско­то Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти и бри­тан­ска­та вла­да, зем­ја­та од ка­де што до­а­ѓа­ат нај­го­ле­ми­от број стран­ски бор­ци е Са­у­ди­ска Ара­би­ја. Се про­це­ну­ва де­ка от­та­му во ре­до­ви­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва се бо­рат по­ве­ќе од 3.000 лу­ѓе. Ра­мо до ра­мо со Са­у­диј­ци­те се др­жав­ја­ни­те на Ту­нис за кои, исто та­ка, се прет­по­ста­ву­ва де­ка се по­ве­ќе од 3000. И по­крај тоа што во из­ве­шта­јот се ко­ри­стат офи­ци­јал­ни соз­на­ни­ја на вла­да­та во Лон­дон, ко­га ста­ну­ва збор за Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја не­ма пре­циз­ни по­да­то­ци кол­ку од гра­ѓа­ни­те на остро­вот, нај­го­лем дел од нив мус­ли­ма­ни ими­гран­ти или пр­ва ге­не­ра­ци­ја еми­гран­ти, се дел од ИД. Бри­тан­ски­те вла­сти офи­ци­јал­но зна­ат за 600 нив­ни др­жав­ја­ни што се еви­ден­ти­ра­ни пре­ку раз­ни ка­на­ли, но вкуп­на­та број­ка се дви­жи и до 2.000 ли­ца што се дел од ис­ла­ми­стич­ки­те гру­пи во Ирак и во Си­ри­ја.

Ма­ро­ко со пре­ку 1.500 бор­ци се на­о­ѓа ме­ѓу пр­ви­те зем­ји со нај­ви­сок про­цент на стран­ски бор­ци во ре­до­ви­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва. И по­крај тоа што офи­ци­јал­на­та власт на јор­дан­ски­от крал, Аб­ду­ла Вто­ри, кој ва­жи за уме­рен ли­дер, нај­стро­го за­бра­ну­ва за­ми­ну­ва­ње на фрон­то­ви­те во Ирак и во Си­ри­ја, и од оваа зем­ја има нај­мал­ку 900 бор­ци што се бо­рат во ИД. Приб­лиж­но ист е и бро­јот бор­ци од Ли­бан, ка­де што Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за сту­дии за ра­ди­ка­ли­зам и по­ли­тич­ко на­силс­тво еви­ден­ти­рал 890 ра­ди­кал­ни ис­ла­ми­сти.

Ви­со­ко на ли­ста­та се на­о­ѓа и Фран­ци­ја од ка­де што до­се­га за­ми­на­ле око­лу 930 бор­ци ка­ко под­др­шка на Ира­ча­ни­те и на Си­риј­ци­те што се бо­рат про­тив Асад во Си­ри­ја и про­тив Вла­да­та во Баг­дат. Оваа број­ка ја по­твр­ду­ва фран­цу­ски­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти, Бер­нард Ка­зе­нев, кој сме­та де­ка фран­цу­ски­те бор­ци ко­га за­ми­ну­ва­ат во „џи­хад“ пре­теж­но се бо­рат за фор­ма­ци­и­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва.

Спо­ред ана­ли­зи­те, бро­јот на ис­лам­ски ра­ди­ка­ли што од Гер­ма­ни­ја за­ми­на­ле на фрон­то­ви­те во Ирак и во Си­ри­ја е по­го­лем од 400, но во слу­ча­јот со оваа зем­ја е по­важ­но тоа што тие се дел од нај­ви­со­ки­те ра­ко­вод­ни стру­кту­ри на Ис­лам­ска­та др­жа­ва. Ше­фот на гер­ман­ска­та раз­уз­на­вач­ка служ­ба, Ханс Џорџ Ма­сен, пре­ду­пре­ди де­ка еден од по­го­ле­ми­те проб­ле­ми за Евро­па се по­врат­ни­ци­те. Тој сме­та де­ка гер­ман­ски­те гра­ѓа­ни се ме­ѓу нај­ви­со­ко по­зи­ци­о­ни­ра­ни­те ко­ман­дан­ти во во­о­ру­же­ни­те стру­кту­ри на ИД. Мно­гу од нив на­вод­но ве­ќе се вра­те­ни во Гер­ма­ни­ја за да ре­гру­ти­ра­ат но­ви бор­ци.

Спо­ред аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент, нај­мал­ку 12.000 бор­ци од 50 др­жа­ви во све­тот би­ле ин­вол­ви­ра­ни во конф­ли­ктот во Си­ри­ја од не­го­ви­от по­че­ток.

Бел­ги­ја е нај­по­го­де­на европ­ска др­жа­ва ако се спо­ре­дат број­ки­те на за­ми­на­ти бор­ци со вкуп­ни­от број жи­те­ли. Спо­ред из­во­ри во бел­ги­ска­та вла­да, се про­це­ну­ва де­ка од Бел­ги­ја се за­ми­на­ти нај­мал­ку 300 ми­ли­тан­ти од вкуп­но 11,4 ми­ли­о­ни жи­те­ли.

Ако се сме­та вкуп­ни­от број жи­те­ли, бал­кан­ски­те зем­ји се ме­ѓу во­деч­ки­те спо­ред из­во­зот на ра­ди­кал­ни ис­ла­ми­сти во Ирак и во Си­ри­ја. Офи­ци­јал­ни­те про­це­ни се де­ка од Тур­ци­ја до­се­га се за­ми­на­ти пре­ку 500 ли­ца, од Бос­на и Хер­це­го­ви­на пре­ку 350, од Ал­ба­ни­ја 140, од Ко­со­во 150, од Ср­би­ја трој­ца, Бу­га­ри­ја са­мо еден, а од Ма­ке­до­ни­ја 20. До­се­га не се ре­ги­стри­ра­ни бор­ци од Цр­на Го­ра, Хр­ват­ска, Сло­ве­ни­ја и од Гр­ци­ја.

Иа­ко би би­ло ло­гич­но, по­ра­ди вна­треш­ни­от конф­ликт во Укра­и­на, да не­ма из­воз на бор­ци од таа зем­ја во Ис­лам­ска­та др­жа­ва, та­му се еви­ден­ти­ра­ни ду­ри 50 Укра­ин­ци, нај­го­лем дел од нив се прет­по­ста­ву­ва де­ка се при­пад­ни­ци на мус­ли­ман­ски­те та­тар­ски гру­пи.

Thousands of Iraqi Shiites parade in show of force

По­ло­ви­на од бор­ци­те од Ма­ке­до­ни­ја се за­ги­на­ти!

Истра­жу­ва­ње­то во вр­ска со Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жу­ва не­ло­гич­ни број­ки за­тоа што та­му се твр­ди де­ка во Ис­лам­ска­та др­жа­ва има са­мо 20 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни, а до­се­га нај­мал­ку 10 за­ги­наа на фрон­то­ви­те во Си­ри­ја и во Ирак. Спо­ред не­по­твр­де­ни ин­фор­ма­ции, на те­ри­то­ри­и­те што ги за­по­сед­на оваа во­о­ру­же­на фор­ма­ци­ја има уште нај­мал­ку 5 за­ги­на­ти од Ма­ке­до­ни­ја, но тие не­ма­ат офи­ци­јал­на по­твр­да де­ка се за­ги­на­ти по­ра­ди тоа што нив­ни­те те­ла не мо­жат да се иден­ти­фи­ку­ва­ат. Се­мејс­тва­та на дел од за­ги­на­ти­те не са­ка­ат да се знае де­ка тие во­оп­што се бо­ре­ле за Ис­лам­ска­та др­жа­ва и за­тоа та­кви­те ин­фор­ма­ции не стиг­ну­ва­ат до јав­но­ста. Дел од на­ши­те др­жав­ја­ни што одат во ри­зич­ни­те по­драч­ја се бо­рат и во дру­ги во­о­ру­же­ни фор­ма­ции на си­ри­ска­та опо­зи­ци­ја обе­ди­не­та под ка­па­та на На­ци­о­нал­ни­от со­вет на Си­ри­ја, ка­ко, на при­мер, во­о­ру­же­ни­те еди­ни­ци на Мус­ли­ман­ско­то брат­ство, Ал Ну­сра, Си­ри­ски­от ис­лам­ски фронт за ос­ло­бо­ду­ва­ње и дру­ги. Се­пак, нај­го­лем број од ма­ке­дон­ски­те др­жав­ја­ни се бо­рат во ре­до­ви­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва, пред сѐ по­ра­ди нај­до­бра­та мре­жа на ре­гру­ти што опе­ри­ра­ат во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и во Ма­ке­до­ни­ја. По­пу­лар­но­ста на оваа гру­па­ци­ја е да­ле­ку по­го­ле­ма од оста­на­ти­те ис­ла­ми­стич­ки фор­ма­ции по­ра­ди ни­за­та од­лич­ни про­па­ганд­ни че­ко­ри, кои лес­но до­пи­ра­ат до си­те мус­ли­ма­ни во ре­ги­о­нот и по­ши­ро­ко пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи и ин­тер­не­тот во­оп­што. Поз­на­ва­чи на со­стој­би­те во Ирак и во Си­ри­ја твр­дат де­ка за­пад­ни­те ана­ли­ти­ча­ри не­ма­ат до­бра прет­ста­ва за бро­јот на ма­ке­дон­ски­те др­жав­ја­ни во Ис­лам­ска­та др­жа­ва и де­ка бро­јот е нај­мал­ку де­сет­па­ти по­го­лем од тој што се при­ка­жу­ва. Дел од нив не иск­лу­чу­ва­ат де­ка за­пад­ни­те служ­би на­мер­но ја кри­јат ви­стин­ска­та број­ка за да се на­ма­ли про­па­ганд­ни­от ефект кој­што мо­же да би­де пра­во­про­пор­ци­о­на­лен со бро­јот на за­ми­на­ти бор­ци.

Бор­ци­те од Ма­ке­до­ни­ја до­а­ѓа­ат од ур­ба­ни сре­ди­ни

Иа­ко е ло­гич­но да се оче­ку­ва де­ка ма­ке­дон­ски­те ис­лам­ски ми­ли­тан­ти до­а­ѓа­ат од ру­рал­ни сре­ди­ни, ка­де што лу­ѓе­то во те­шка со­ци­јал­на и фи­нан­си­ска со­стој­ба по­лес­но се од­лу­чу­ва­ат да за­ми­нат на фронт во од­бра­на на ис­ла­мот, нај­го­лем дел од за­ги­на­ти­те ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни во Си­ри­ја и во Ирак се од цен­та­рот на глав­ни­от град. Спо­ред истра­жу­ва­ње­то на вес­ни­кот „Днев­ник“, ду­ри се­дум­ми­на од де­сет­те за­ги­на­ти ма­ке­дон­ски ва­ха­би­сти би­ле жи­те­ли на скоп­ска­та оп­шти­на Ча­ир, а пет­ми­на би­ле од исто ма­а­ло во на­сел­ба­та Га­зи Ба­ба.

Двај­ца му­џа­хе­ди­нижи­ве­е­ле на иста ули­ца, а дру­ги трој­ца на ули­ци во ра­ди­ус од пе­де­се­ти­на ме­три, во ма­а­ло­то ме­ѓу џа­ми­и­те „Ја­ја-па­ша“ и „Ту­тун­суз“, за кои Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца (ИВЗ) пре­ду­пре­ди де­ка се пре­зе­ме­ни од ва­ха­би­сти.

На иста ули­ца во под­нож­је­то на ри­дот Га­зи Ба­ба жи­ве­е­ле двај­ца ма­ке­дон­ски ва­ха­би­сти кои за­ги­на­ле во џи­хад. Ме­суд Мус­ли е пос­ле­ден на ли­ста­та со офи­ци­јал­но по­твр­де­ни жр­тви на џи­ха­дот од Ма­ке­до­ни­ја. Ми­на­ти­от но­ем­ври во Си­ри­ја за­ги­нал и со­се­дот на Мус­ли, Ри­јад Ме­ми­ши (23), пи­шу­ва „Днев­ник“.

Ед­на ули­ца по­го­ре на па­ди­ни­те на Га­зи Ба­ба жи­ве­ел Бур­хан Бес­ли­ми (25), кој за­ги­на во Си­ри­ја ми­на­ти­от ме­сец.

Во исто­то ма­а­ло, на две па­ра­лел­ни ули­ци, жи­ве­е­ле уште двај­ца скоп­ски му­џа­хе­ди­ни. Ба­шким Бе­ла (24) во ју­ли за­ги­на во бор­би­те во Си­ри­ја, а од исто­то ма­а­ло по­тек­ну­вал и Са­ми Аб­ду­ла­ху, шко­лу­ван во ме­дре­са­та во Kон­до­во, кој за­ги­нал во Си­ри­ја во август ла­ни.
Уште двај­ца од офи­ци­јал­ни­от спи­сок со за­ги­на­ти му­џа­хе­ди­ни се жи­те­ли на Скоп­је, и двај­ца­та на оп­шти­на Ча­ир. Џе­лал Са­ма­ко­ва,пос­лед­на­та жр­тва на конф­ли­ктот во Си­ри­ја, кој за­ги­на на по­че­то­кот од ме­се­цов, жи­ве­ел во улич­ка кај ули­ца­та Џон Kене­ди, а од иста­та на­сел­ба по­тек­ну­вал и Б.Ш.,му­џа­хе­дин што за­ги­на во Си­ри­ја на 23 но­ем­ври ла­ни.

Оста­на­ти­те трој­ца му­џа­хе­ди­ни од офи­ци­јал­ни­от спи­сок по­тек­ну­ва­ат од Kума­но­во, од скоп­ско­то се­ло Гр­чец и од го­сти­вар­ско­то Бе­ло­ви­шта.

Пишува:Горан Момироски
Фото:ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top