| четврток, 6 декември 2018 |

Временска прогноза: променливо облачно со силен ветер

sonce oblaci

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен наместа засилен ветер од северен правец кој на моменти се очекува да достигнува брзина од околу 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од недела се очекува стабилизирање на времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top