| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов се сретна со Бан Ки-мун пред обраќањето во Генералното собрание на ОН

ivanov - ban ki mun

Во седиштето на Обединетите нации заврши средбата на претседателот Ѓорге Иванов со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Претседателот Иванов вечерва по македонско време треба да има обраќање во Генералното собрание на Обединетите нации.

Министерот Попоски во текот на денот учествуваше на конференција организирана од ОБСЕ за кризата во Украина, имаше и повеќе билатерални средби, а исто така вечерва треба да се сретне и со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top