
Од ланскиот настап на Тамара Тодевска на Скопскиот фестивал
„Скопски фестивал 2014“ ќе се одржи на 12 ноември, во предвечерието на „Денот на ослободувањето на Скопје“, а на него ќе чуеме 20 нови композиции изведени во живо, придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ, составен од врвни музичари, објави МТВ.
„Скопски фестивал“ треба да се одржи на сцената на Метрополис Арената во Скопје, а како водител на фестивалот и оваа година треба да го видиме познатиот македонски актер, Васил Зафирчев.
Меѓу 20-те избрани изведувачи се и Викторија Лоба, Сашо Гигов-Гиш, Тања Цароска, Лидија Кочовска, Тони Михајловски…
Оваа година, според мислењето на македонската јавност, победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува МРТ и Македонија на јубилејниот 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015. Победникот на фестивалот ќе се определи според евровизискиот принцип на гласање по пат на телевоутинг и меѓународно стручно жири во сооднос 50 – 50.
01. Север –Југ – Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски
02. Ало – Лена Заткоска
03. Во твојот свет – Александра Јанева
04. Знам – Наде Талевска
05. Сакам да летам – Сања Ѓошевска
06. Ми фали некој како тебе – Викторија Лоба
07. Миг без тебе – Горан Наумовски и Сања Керкез
08. Сонце низ облаци – Лидија Кочовска и Марјан Стојановски
09. Сакам да летам – Вера Јанковиќ
10. Да не те сакам – Евгенија Чанчалова
11. Совршена бура – Даниел Кајмакоски
12. Брод што тоне – Тамара Тодевска
13. Марија – Александар Тарабунов и Тони Михајловски
14. Се што ти ветив – Димитар Андоновски
15. Само за тебе – Верица Пандиловска
16. Пеколно ми недостасуваш – Тања Царовска
17. Длабоко во себе – Мијата
18. Ни Љ од љубовта – Јоце Панов
19. Срце чува спомени – Александра Михова
20. Блуз – Сашо Гигов-Гиш
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


