
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја Иванова, присуствуваше на приемот што американскиот претседател Барак Обама го организираше за шефовите на делегациите на 69-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк.
Иванов во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, присуствуваше на Климатскиот самит 2014 каде што се одвиваа серија дискусии за климатските промени, a се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, свикан од Обама, за справување со растечката закана од тероризмот.
Претседателот оствари и повеќе билатерални средби со шефови на делегации на маргините на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


