| четврток, 6 декември 2018 |

Кисела Вода додели нови 33 ваучери за новороденчиња

bebinja500

По петнаесети пат, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска свечено додели ваучери на 33 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош.

Со ова доделување, вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, изнесува 651.

– Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, имаме доделено 651 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Свесни дека секоја општина е успешна онолку колку што се успешни нејзините жители, можеме да Ви ветиме Вам, како нивни родители, дека нашите напори да обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, ќе продолжат со засилена динамика, – истакна градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите воопшто да не се двоумат и да ја достават потребната документација за парична помош.  Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

-Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6000 денари која денеска ја доделуваме за 33 новороденчиња, од кои 20 се машки, а 13 женски, ќе Ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето – изјави градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top